Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Мицкоски: Има напредок во реформската агенда, опозицијата шири лаги и шпекулации

Не само што нема застој, туку има напредок во реформската агенда на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не само што нема застој, туку има напредок во реформската агенда на земјата. Од последно место, Македонија сега е рамо до рамо со т.н. фронт-ранери во групата. Би ги замолил граѓаните, сите пораки што доаѓаат од опозицијата да ги прифатат со резерва зашто целта на оваа опозиција не е да испрати точна порака или да биде конструктивна и да испрати решение, туку целта и е, со лаги и шпекулации да привлече внимание, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во Охрид.

Одговорајќи на новинарско прашање за тоа како се одвива спроведувањето на реформската агенда и каков е неговиот став во врска со обвинувањата од страна на опозицијата за нејзино неспроведување, Мицкоски нагласи дека Владата ќе испорача се што вети, освен два чекора – барањето да не обезбедува 100 отсто електрична енергија од снабдувачот и Изборниот законик.

-Опозицијата не се бори на следните избори да победи, туку се бори ова раководство да остане во опозиција. Во оваа насока е и шпекулацијата поврзана со застој во реализацијата на реформската агенда. Вчера имавме состанок, долг состанок со ресорните министри кои треба до крајот на јуни да ги доиспорачаат веќе почнатите чекори. Сите десет што се заостанати, со исклучок на два, нема да бидат испорачани. Првиот е оној во кој се бара од државата да не обезбедува 100 отсто електрична енергија за домаќинствата и за сите оние корисници од снабдувачот, бидејќи цениме дека тоа што го прифатила претходната влада ако ние го продолжиме и го прифатиме, тогаш сметките за електрична енергија на домаќинствата ќе бидат за 25 до 30 па и повеќе проценти поскапи. И тука свесно нема да одиме во реализација на тој чекор, бидејќи сакаме да го заштитиме стандардот на граѓаните. Вториот чекор е Изборниот законик. Знаете дека тој се носи со консензус. СДСМ ја напушти работата на групата што работи на Изборниот законик и се додека е таа одлуката, ние Изборниот законик не можеме да го донесеме, бидејќи тоа е еден од оние закони кои се во групата во која е потребен консензус во рамки на Собранието. Се останато ќе биде завршено и се останато ќе биде уште еден демант на лагите што ги испраќа СДСМ на дневните прес-конференции, потенцира Мицкоски.