Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски и ИК ќе го искористат правото за свои предлози за градоначалници

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со Извршниот комитет на партијата, ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со Извршниот комитет на партијата, ќе го искористат своето право да предложат свои кандидати за градоначалници, кои ќе бидат подложни на анкета меѓу членството. Овие имиња се различни од оние предложени од општинските комитети, кои веќе се подготвени за претстојните локални избори.

Во партијата се смета дека актуелниот министер за локална самоуправа, Златко Перински, би бил фаворит за кандидат за градоначалник на Скопје. Тој, сам од себе, не ги крие своите амбиции за оваа функција и верува дека предлогот кој ќе го изнесе Мицкоски, ќе биде избран за идниот градоначалник. Во едно неодамнешно интервју, Перински изјави дека има многу идеи за развој на Скопје и дека неговата визија е клучна за напредокот на главниот град.

Покрај Перински, неофицијално, се споменуваат и други кандидати кои уживаат голема поддршка. Меѓу нив се градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓеорѓиевски, и Бобан Стефковски од Гази Баба, кои важат за високо котирани во партиската база.

Реклама

Во меѓувреме, вицепремиерот Изет Меџити од коалицијата „Вреди“ откри дека ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ имаат договор за заеднички настап на локалните избори. Советничките листи ќе бидат независни, но двете партии ќе се поддржуваат за кандидатите за градоначалници во првиот или вториот изборен круг, во зависност од развојот на ситуацијата. Меџити нагласи дека по изборите, коалицијата „Вреди“ ќе се спои во една партија.

Од ЗНАМ, пак, не откриваат детали за можни договори за меѓусебна поддршка. Тие се концентрирани на формирање нови општински организации и сеуште не ја откриваат својата одлука во врска со кандидатите. Максим Димитриевски, досегашниот градоначалник, изјави дека се уште не ја донел конечната одлука дали ќе се кандидира повторно, но дека ќе ја донесе во следните недели по анализа и консултации со месните заедници.