Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Време

Мицкоски: Граѓаните не треба да се грижат – правдата ќе победи!

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека секој што ќе го прекрши законот ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека секој што ќе го прекрши законот ќе одговара, нагласувајќи дека нема да има дилеми во тоа. Во одговор на новинарско прашање, тој појасни дека во првите три дена по трагедијата во Кочани, 34 лица се вклучени во истрагата, а акцијата продолжува.

Мицкоски им се обрати на граѓаните, уверувајќи ги дека правдата ќе победи. Според него, овој пат правдата ќе се спроведе без разлика на политичката припадност на обвинетите. Како што објасни, мораториумот што е воведен има за цел да им овозможи на сопствениците на објекти да ги исправат недостатоците и да ги прилагодат нивните објекти во согласност со потребните стандарди. Тој нагласи дека сите кои не ги исполнуваат прописите, ќе мора да ги поправат своите документи согласно со инспекциските контроли на Државниот пазарен инспекторат.