Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Прилози

Состојбата во Скопје по поплавите за рекордно кратко време се нормализира, се расчистуваат штетите

Навременото интервенирање од страна на надлежните екипи за време на вчерашното невремне,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Навременото интервенирање од страна на надлежните екипи за време на вчерашното невремне, спречи да се случат посериозни катастрофи заради поплавите. 1000 вработени биле вклучени во санирањето на штетите, нема ни жртви, ни повредни, а ни посериозни материјални штети.

–Некаде за 40 минути беа мобилизирани и интервенираа повеќе од илјада вработени во јавните претпријатија и сметам дека сериозно добро се справивме со последиците предизвикани од невремето фала му на бога немаше жртви а немаше ни некоја посериозна материјална штета предизвикана штета кај граѓаните—истакна градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски

Ѓорѓиевски истакна дека само во Градот Скопје вчера имало 50 повици од страна на граѓани и додаде дека можат да ги пријават  сите материјални штети предизвикани од невремето за да им се помогне. Додава дека онаму каде што во минатото имало проблем тие веќе интервенирале и затоа е спречено да се случи уште поголем хаос. Вели дека од нивна страна се сервисирани 20 ијлади сливници  во Градот Скопје.

Реклама

–Нас ни се повторуваат  30-тина години при секое невреме некои вакви состојби  и тоа мораме да го решаваме во од. Но и тоа значи дека новите проекти кои што ги реализирам јас темелно се работат и се обрнува внимание на сите аспекти.  Цел регион беше зафатен од невремето изминатиов период, ,еве  има најави и за денес, ние сме подготвени и за текот на утрешниот ден–истакна градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски

Силниот дожд што ја зафати Македонија најмногу се почувствува во Скопје и Куманово.

– На булеварот Св. Климент Охридски било регистрирано и паднато дрво но за среќа без повредени и материјална штета. Биле пријавени поплавени куќи, подрумски простории и гаражи во населбите Кисела Вода, Автокоманда и Чаир, како и поплавени магацини во Чаир и Кисела Вода. Вода навлегла и во подрумските и гаражните простории на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), како и во главниот хол и амфитеатарот.  Пријавен е и полн канал со вода во Горно Лисиче, кој претставувал опасност од прелевање, како и зголемено ниво на реката Серава во Општина Бутел– информираат од Центарот за управување со кризи.

Критично  било и во полошкиот регион во селото Нераште каде се . поплавени неколку куќи и подрумски простории, при што е причинета материјална штета. Прекини во сообрајќај и штети на возила имало  во велешкиот и струмичко- радовишкиот регион, како и паднати дрвја и одрони во Кавадарци, Свети Николе .