Реклама

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Македонија

Мицкоски ги повика членовите, симпатизерите и граѓаните на народниот собир в среда во Струмица по повод 36 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ги повика сите членови, симпатизери, поддржувачи и сите граѓани да се придружат на големиот народен собир по повод 36-от роденден на партијата на 17 јуни, во 20:00 часот, на стадионот „Младост“ во Струмица.  Целата објава може да ја погледнете на следниот линк: – Пред 36 години беше […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ги повика сите членови, симпатизери, поддржувачи и сите граѓани да се придружат на големиот народен собир по повод 36-от роденден на партијата на 17 јуни, во 20:00 часот, на стадионот „Младост“ во Струмица. 

Целата објава може да ја погледнете на следниот линк:

– Пред 36 години беше создадена идеја која стана симбол на борбата за слободна, независна и достоинствена Македонија. Идеја која ги обедини сите оние кои веруваа дека оваа држава има право на сопствен пат, на сопствен глас и на сопствена иднина. Денес, 36 години подоцна, го одбележуваме патот што заедно го изодевме, сите предизвици што ги надминавме и сите победи кои ги остваривме како народ – рече Мицкоски во видео пораката објавена на неговиот профил на Фејсбук.

Реклама

Во овие 36 години, додаде тој, имавме и тешки моменти и големи искушенија. – Имаше периоди кога требаше да се брани државата, кога требаше да се зачуваат националните интереси и кога требаше да се покаже карактер и истрајност. Државата кога беше одземена и требаше да стане повторно ваша. Секогаш кога било најтешко, силата доаѓала од народот. Од граѓаните кои верувале во Македонија и кои никогаш не се откажале од неа – потенцира Мицкоски. 

Денес, нагласи премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, гледаме напред. – Денес зборуваме за развој, за економски раст, за нови инвестиции, за подобри плати, за модерна инфраструктура, за подобро образование, здравство и институции кои работат во служба на граѓаните. Ги повикувам сите членови, симпатизери, поддржувачи, сите граѓани кои веруваат во напредокот, во работата и во љубовта кон татковината, да ни се придружат на големиот народен собир. На 17 јуни, во 20:00 часот, на стадионот „Младост“ во Струмица, заеднички да покажеме дека Македонија има сила, има енергија и има народ кој верува во својата иднина. Да живее ВМРО-ДПМНЕ! Да живее Македонија – рече Мицкоски.