Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски: Ексдиректорот на „Лотарија“ подолго време е надвор од државата, а Груби заедно со уште едно лице со дипломатски таблици оди за Косово

Премиерот Мицкоски, во синоќешното интервју за Телевизијата 21, откри дека ексдиректорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Мицкоски, во синоќешното интервју за Телевизијата 21, откри дека ексдиректорот на „Лотарија на Македонија“, како и поранешниот потпретседател на Владата Артан Груби, не се достапни на органите на прогонот и според информациите со кои тој располага поранешниот директор на „Лотарија“, подолго време не е во Македонија, додека Груби во придружба на бизнисмен, во возило со дипломатски таблици ја напуштил Македонија, преку граничниот премин со Косово.

За информациите дека Груби не е во Косово туку во Тирана, Мицкоски изјави дека тој има информации како и на кој граничен премин Груби, заминал од Македонија и дека не би можел да каже каде потоа заминал.

Од високи извори се дознава дека Арсим Папранику, почесниот конзул на Косово во Македонија, со своето дипломатско возило, заедно со Артан Груби, ја поминал границата со Косово, еден ден, пред почетокот на полициската акција. Истите извори велат, дека Груби, ја поминал границата, со албански пасош.