Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Мицкоски: Двојно поголем буџет за науката и поддршка за нашите научници

Двојно повеќе пари за научници, истражувања и бесплатен пристап до светски бази.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двојно повеќе пари за научници, истражувања и бесплатен пристап до светски бази. Владата годинава сериозно вложува во науката и образованието со буџет од околу 770 милиони денари, што претставува значително зголемување во споредба со 2024 година. За првпат, научниците во Македонија ќе имаат бесплатен пристап до двете најголеми светски научни бази, со цел полесно да работат и да подготвуваат научни трудови.

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека, покрај инфраструктурните инвестиции, фокусот е ставен и на директна поддршка за домашните научници и истражувачи.

„Како Влада, исто така овозможивме бесплатен пристап до две научни бази на списанија, тоа се „Веб оф сајанс“ (Web of Science) и „Скопус“ (Scopus), кои за првпат се обезбедени од страна на Владата да бидат бесплатно достапни, за научниците и истражувачите да можат да ги користат при создавање свои научни трудови“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Реклама

Покрај вложувањето во науката, засилени се и капиталните инвестиции во образовниот сектор. Се градат и доградуваат училишта и градинки. Од Владата и локалната самоуправа велат дека училиштата остануваат еден од клучните приоритети, особено во општините каде што има зголемен интерес и потреба од нови училници и подобри просторни услови.

Денеска беше поставен камен-темелник за доградба на ОУ Јоаким Крчоски во населбата Волково.

„Денеска одбележуваме 80-годишен јубилеј на училиштето и ги поставуваме темелите за иднината на многу генерации во овој дел од општината, кој се развива забрзано и има потреба од училиште, бидејќи секоја година бројот на деца е сè поголем. Во новите осум училници, на површина од околу 600 квадратни метри, ќе можеме да примиме 200 деца. Посакувам ова училиште од учебната 2027/2028 година да започне со едносменска настава. Ова е второ училиште со доградба месецов, а се надевам дека ќе започнеме уште еден проект до крајот на месецот“, изјави градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Во тек се и проектите за изградба на кампусот на универзитетот Универзитет „Мајка Тереза“, како и конечното довршување на зградите на факултетите ФИНКИ и ФФК, кои со години стојат во фаза на карабина.