Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски: ДУИ наместо да побара бегалецот од правда Груби да се врати, продолжува со поделби на народот

Владата има легитимитет од повеќе од 600 илјади граѓани коишто на 8…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата има легитимитет од повеќе од 600 илјади граѓани коишто на 8 мај го дадоа својот глас. Ова е можеби една од ретките влади, која што има близу 80, а можеби и повеќе од 80 пратеника, поддршка во рамките на Парламентот. Да точно, оваа Влада е без Демократската унија за интеграција и тоа ние го кажавме и тоа кога го зборувавме кажавме и причини зошто е тоа така, нагласи претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска на новинарско прашање, за констатацијата на опозициската партија ДУИ, од каде посочија дека Владата нема етнички легитимитет.

Меѓу другото премиерот изјави и дека ваквите политички пораки, без разлика на етничката припадност, мудриот народ ги одбива. Иако од опозициската ДУИ и понатаму продолжуваат да го делат народот, наместо да се извинат и да ги побараат бегалците од правда да се вратат.

-Гледам дека од таму сѐ уште како да не ја научиле лекцијата. Во отсуство на било какви други идеи коишто ќе значат подобар живот за граѓаните тие се обидуваат да ги поларизираат граѓаните и мислат дека таквата политика им носи резултати. Јас мислам дека е погрешно сето тоа и тоа го гледаат впрочем на мерењата на јавното мислење. Но добро, оние ако мислат дека така треба да продолжат да работат, нека си работат, тоа е нивна работа. Наместо да се извинат и да побараат бегалецот од правда, односно бегалците од правда да се вратат, тие продолжуваат и понатаму да го делат народот. Но, народот е мудар без разлика на етничката припадност, народот е мудар и овие политички пораки од опозицијата ги одбива и тоа е добро и така ќе продолжи во иднина, објасни премиерот Мицкоски.