Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

На денешниот народен митинг во Тетово во рамките на изборната кампања за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот народен митинг во Тетово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што се обрати до Ахмети каде што посочи дека политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци.

„Јас нема да му одговарам на Али со неговата реторика, иако тој тоа го сака, тој моли да му одговорам на неговото национал романтичарска реторика, јас на народот нема да му кажувам басни, туку реалност. Јас само ќе прочитам факти за неговото 20 годишно владеење. Додека тој говори за приказни, јас говорам за сурова реалноста. За една деценија има 27 илјади помалку ученици во Македонија. Работата на ДУИ значи 200 ученици  да има помалку во второто полугодие во школите во Тетово во 2023та година. Во Општина Гостивар – побарани исписници од училиште поради иселување се за 200 ученици во основно и средно образование во 2023та година. Пад на население гледано низ млади ученици кои ја напуштиле државата поради иселување изгледа вака Арачиново: -14%, Липково: – 40 %, Теарце: – 37%, Тетово: – 18%, Боговиње: – 37%, Желино: -28%, Врапчиште: – 32%, Гостивар: – 35 %, Кичево: – 36 %, Струга: – 32%. Ова е суровата реалност коешто го донесе Али и неговото учество, повеќе од две децении во Владата. И после овие порази донесени од тандемот ДУИ СДСМ, уште ли ќе не убедуваат во нивните приказни и басни. Скапо Македонците, и Албанците ја плаќаат нивната неспособност. Затоа Тетово да го издигнеме над она мочуриште политичко што тие го оставија. А изборот којшто го имаат тетовци на овие избори е да живеат со оние коишто само ги слушаат, зборуваат или пак оние коишто работат и испорачуваат“ нагласи Мицкоски.

 Понатаму Мицкоски ги повика граѓаните да излезат на 19 октомври и да гласаат за бројот 9 за развој и просперитетна иднина на сите граѓани во државата.

Реклама

„И затоа, мои драги пријатели, оваа наша борба не е само за избори – ова е борба за душата на Македонија. За држава што ќе нè спои, а не ќе нè дели. За иднина во која никој нема да биде поважен од другиот, и во која секој ќе има еднаква шанса да успее“ кажа Мицкоски.