Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Економија

Мицкоски: Базната инфлација овој месец малку повиска од претходните, инспекторатот повторно ќе го проверува работењето на  маркетите

Овој месец базната инфлација е малку поголема од претходните месеци. Инспекторатот повторно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Овој месец базната инфлација е малку поголема од претходните месеци. Инспекторатот повторно на терен ќе ги проверува маркетите, за да се спречи нивно картелско здружување, изјави премиерот Христијан Мицкоски на прашањата на медиумите за висината на базната инфлација и за изречените казни за маркетите заради нивно картелско здружување и договорно утврдување цени.

– Точно е дека овој месец базната инфлација е малку поголема од претходните. Тоа претежно се должи во делот на овошјето. Тоа го анализираме. Изтовремено, Државниот пазарен инспекторат повторно е излезе на пазарот, заедно со Комисијата за заштита на конкуренцијата, уште еднаш на направи детална инспекција на маркетите, да го констатираме нивното однесување. Имаме лоцирано кои се тие кои организираат такво однесување. Првичните казни беа предупредувачки. Очекувам да дојде до смирување во декември, јануари, февруари, а доколку не се случи тоа, ќе одиме чекор понатаму, рече Мицкоски без да прецизира за какви конкретни чекори станува збор.

Комисијата за заштита на конкуренцијата минатиот месец им изрече парични казни на пет трговски друштва и на ССК поради картелско здружување и договорно формирање цени. Трговските друштва беа казнети со по 50 илјади евра, додека Стопанската комора нешто над 18 илјади евра.