Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Отворен Центар за дневен престој на стари лица во Гевгелија

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заедно со градоначалникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов,  и генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити, денеска присуствуваше на отворањето на Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење во оваа општина.

Како што информира Министерството, Центарот е основан преку Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за социјална политика, демографија и млади. Апликант е Општина Гевгелија, додека давател на услугата е Црвениот крст на Македонија – Општинска организација Гевгелија.

-Со воспоставувањето на Центарот ќе се обезбедува достапна, квалитетна и континуирана социјална услуга во заедницата, наменета за лица над 65 години, особено за оние кои живеат сами или со брачен партнер, се изложени на ризик од осаменост и социјална изолација или имаат потреба од дневна поддршка, дружење и активен начин на живот. Центарот има капацитет за 50 корисници, а ќе работи пет дена во неделата. Активностите ќе се организираат во согласност со индивидуалните потреби, можности и интереси на корисниците, се наведува во соопштението. 

Реклама

Во Центарот ќе се реализираат социјални, културни, едукативни, креативни, рекреативни и здравствено-превентивни активности, со цел подобрување на квалитетот на животот, одржување на функционалноста, поттикнување на активното стареење и поголема вклученост на повозрасните лица во локалната заедница, 

-Нашата цел е социјалните услуги да бидат што поблиску до граѓаните и да создадеме услови секој човек, без оглед на возраста, да има можност за достоинствен, активен и квалитетен живот. Центрите од ваков тип се важни затоа што не нудат само дневен престој, туку создаваат простор за дружење, активности, поддршка и повторно поврзување со заедницата, истакна министерот Велковски.

Центарот располага со целосно опремен и функционален простор, со простории за дружење, одмор и групни активности, целосно опремена кујна, како  и услови за безбедно движење на корисниците.

-Отворањето на Центарот е потврда дека со соработка меѓу институциите, локалната самоуправа и организациите кои работат директно со граѓаните, може да создадеме услуги кои имаат вистинско и директно влијание врз квалитетот на животот на луѓето, информира МСПДМ.