Ако сите заедно ја чуваме куќата, имаме право да си ги кажеме нашите проблеми, разочарувања и очекувања. Потребни се механизми каде нема да се дозволи билатералните спорови да бидат пречка кон остварување на колективната и заедничка цел, порача премирот Христијан Мицкоски, од редовниот годишен состанок на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО, кој се одржа во Собранието.
-Сметам дека треба да се размисли за воведување на механизми каде нема да се дозволи билатерални спорови да бидат пречка за остварување на колективна и заедничка цел. Ако ние сите заедно ја чуваме куќата тогаш имаме право заедно да си ги кажеме нашите проблеми, разочарувања и очекувања, изјави Мицкоски.
Тема беше и големата трагедија во Кочани. Премиерот упати голема благодарност до сите партнери од НАТО за помошта која Македонија ја доби по оваа голема трагедија.

-Во тие тешки моменти сведочевме на вистинска солидарност од нашите сојузници и партнери. Девет европски држави понудија помош веднаш по трагедијата во Кочани. Европската унија пак преку механизмот за цивилна заштита координараше медицински евакауции на повредените до специлизираните болници во регионот, изјави Мицкоски.
Благодарсност до партнерите од НАТО упати и министерот за одбрана Владо Мисајловски. Порача дека трагедијата во Кочани докажала дека имаме нераскиниливи партнери во Алијансата.
-Сојузничките земји беа првите кои понудија безрезевна помош кои понудија помош и поддршка по трагичниот настан во Кочани, кој ја зави целата земја во црно. Но, ние имаме 31 сојузник, имаме вистински пријатели на кои може да им се обратиме за помош. Тоа е НАТО, тоа е сојузништво, тоа е нераскинлива врска која од 32 земји во Алијанската прави една обединета сила, изјави Мисајловски.
Премиерот и министерот за одбрана порачаа дека државата продолжува да инвестира во човечкиот капитал, дигитална отпорност и капацитети за брза реакција. Но порачуваат дека најважно од се е останувањето доследни на вредностите кои не обединуваат: демократијата, слободата, владеењето на правото и солидарноста.
Матеја Петровски
