Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Мицкоски: Акцискиот план за малцинства е готов и неофицијално е усогласен со дваесет и шест земји-членки, освен со една

Акцискиот план за малцинства е готов, усогласен со експерт од Европската комисија, како ниту една држава што го има направено и неофицијално е усогласен со дваесет и шест земји-членки, освен со една, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Институтот за јавно здравје во Скопје.  Прашан до каде е Владата […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Акцискиот план за малцинства е готов, усогласен со експерт од Европската комисија, како ниту една држава што го има направено и неофицијално е усогласен со дваесет и шест земји-членки, освен со една, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Институтот за јавно здравје во Скопје. 

Прашан до каде е Владата со Акцискиот план за малцинства и што конкретно има како барање таа една земја, Мицкоски рече дека „кога би знаел, ќе ви дадев одговор“.

-Акцискиот план за малцинства е готов, усогласен со експерт кој што го добивме од страна на Европската комисија. Експерт за човекови права, имаше две јавни расправи, како ниту една држава што го има направено и неофицијално ова го кажувам е усогласен со дваесет и шест земји членки, освен со една. Исто како што таа една е против да бидеме и дел од иницијативата Трите мориња. Тоа е што е – изјави Мицкоски. 

Реклама

Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување на правата за припадниците на заедниците, кој е изработен на македонски и англиски јазик од домашни и меѓународни експерти, во блиска консултација со Совет на Европа и Европската комисија е документ којшто содржи јасно дефинирани мерки, рокови и надлежни институции и е целосно усогласен со највисоките европски стандарди. Наместо да биде поздравен како конструктивен чекор напред, документот од јануари годинава е предмет на апстрактни и неосновани коментари од страна на Бугарија.

Премиерот Мицкоски, уште во јануари годинава изјави дека се случило тоа за што ги предупредил партнерите во Брисел – „дека и најдобриот Акциски план за малцинствата да го направиме, тој ќе биде одбиен од Бугарија“. -Жалам што уште еднаш ја испуштија шансата дека се добри соседи. Ниту една земја членка нема против, ниту едно малцинство во Македонија нема против, бидејќи имаше јавна дебата. Е, проблем било што бил на македонски јазик, рече Мицкоски. 

Мицкоски на крајот на минатиот месец, по средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Скопје, изјави дека сме спремни да го испорачаме Акцискиот план за малцинства, што го работевме заедно со Брисел и експерти препорачани од ЕК, но нагласи дека „ако билатералните прашања се тие кои треба да го судат нашиот европски пат тогаш ние ќе се бориме на друг начин“. -Нашата стратегија е да ги завршиме реформите дома бидејќи тие ни требаат нас. Втора работа која што исто така сме спремни да ја испорачаме тоа е Акцискиот план за малцинства што го работевме заедно со Брисел и експерти препорачани од ЕК. Тој е готов и чекаме зелен сигнал од Брисел да помине на Владина седница. Ние испорачуваме тоа што зборуваме, рече Мицкоски. 

Бугарскиот премиер Румен Радев, во изјава за медиумите пред Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, рече дека постојат два можни пристапа за забрзување на членството на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, но дека Софија се залага за процес заснован на реални заслуги и спроведени реформи. – Нашата позиција е дека не треба да пренесуваме наследени политички и историски проблеми во Европската Унија и ќе продолжиме цврсто да ја браниме таа позиција – рече бугарскиот премиер, нагласувајќи дека проширувањето подразбира длабоки реформи во правосудството, владеењето на правото, заштитата на човековите права и развојот на добрососедските односи.