Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Мицкоски: Ќе направиме анализа на сите досегашни проекти на Владата, станува збор за бројка од шест до седум милијарди евра

Во четврток ќе направиме анализа на сите проекти што се почнати, што се во фаза на реализација или кои набргу треба да почнат, станува збор за бројка меѓу шест и седум милијарди евра – изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за досега завршените стратешки проекти на Владата, но и оние што се […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во четврток ќе направиме анализа на сите проекти што се почнати, што се во фаза на реализација или кои набргу треба да почнат, станува збор за бројка меѓу шест и седум милијарди евра – изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за досега завршените стратешки проекти на Владата, но и оние што се во тек, а се во насока на подобрување на економскиот стандард.

Мицкоски, по отворањето на новиот базен во Карпош, рече дека тоа се проекти што Владата ги почнала или се во напредна фаза на реализација.

– Набргу ќе излеземе во грантограм на активности и со реализирање на овие проекти. Овој инвестициски циклус е навистина голем и обемен и очекувам значително да придонесе за растот на бруто-домашниот производ во кварталите што следуваат – рече Мицкоски.

Реклама

Тој се осврна и на економските показатели, при што посочи дека заклучно со првиот квартал од 2026 година, според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на вработени изнесува нешто повеќе од 708.000 лица.

– Ако се направи споредба со вториот квартал од 2024 година, кога оваа Влада беше избрана, ќе се види дека тогаш бројот на вработени изнесувал приближно 691.000. Со едноставна математичка пресметка се доаѓа до разлика од речиси 17.000 нови работни места. Тоа е бројка и тоа е факт. Некој може да ја оспорува или да се исмева, но тоа е бројка што е факт – рече Мицкоски.

Во однос на БДП, додаде тој, сите индикатори за првиот квартал велат дека во услови на светска енергетска криза ќе имаме солиден раст. 

– Очекувам реалниот раст на БДП да се движи меѓу 3 и 3,5 проценти. Номиналниот раст би можел да биде два-два и пол пати поголем од тоа. Но, да ги почекаме официјалните податоци од Државниот завод за статистика. Повторно ова што сега ќе го кажам можеби некој на социјалните медиуми ќе го исмева, но како и да е, сега ќе бидеме – не во првите пет, туку во првите три во Европа, како процент од БДП – изјави премиерот Мицкоски.