Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Мицевски: Владата е проевропска, ама и ги штити македонските национални интереси

Никола Мицевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за националните телевизии, а по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна дека Македонија во изминатиот период бележи значителен напредок во спроведувањето на реформите, особено во областa на дигиталната трансформација, образованието и енергетскиот пазар. Според него, позитивните оценки од Европската комисија […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Никола Мицевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за националните телевизии, а по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна дека Македонија во изминатиот период бележи значителен напредок во спроведувањето на реформите, особено во областa на дигиталната трансформација, образованието и енергетскиот пазар. Според него, позитивните оценки од Европската комисија и Европскиот совет, како и добиените средства од планот за раст, се потврда за успешноста на реформските процеси во земјата, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија напредува во изминатиот период во повеќе области, oна за што можам директно да кажам и што е видливо е делот на Реформската агенда, односно законите и областите коишто произлегуваат од планот за раст. Македонија напредува во делот на дигиталната трансформација, во делот на образованието, во делот на енергетскиот пазар, во делот на дигитализацијата, што е видливо и од извештаите кои што ги добиваме од Европската комисија и од претседателот на Европскиот совет којшто рече дека Македонија бележи опипливи резултати. Македонија на последната поделба на одредени средства доби 65,7 милиони евра, повеќе од сите во околината, кој што се средства да кажеме како лидери во областа на реформите од планот за раст“, рече Мицевски.

Мицевски посочи дека Владата останува цврсто определена на европскиот пат и спроведува реформи што се бараат од Европската комисија, но истовремено внимателно ги штити македонските национални и државни интереси. Тој нагласи дека, по искуствата од минатото и неисполнетите ветувања по направените уставни измени, земјата нема да избрзува со нови чекори без јасни гаранции и видлив напредок на патот кон Европската Унија.

Реклама

„Македонија ја води проевропска Влада, Влада којашто работи на измените, односно на реформите коишто Европската комисија ги бара, меѓутоа, Македонија во моментов има Влада којашто се грижи за македонските национални и државни интереси. Поучени од минатото коешто го имавме, направени уставни измени со промена на уставно име, а не испорачани резултати коишто беа ветувани, сега разговараме, меѓутоа внимателно со цел да добиеме некој видлив патоказ, којшто ќе ни даде за право да веруваме доколку дојде до одредени измени. Не брзаме, не сме наивни, меѓутоа работиме на Реформската агенда и реформскиот пат, затоа што тоа е иднината на оваа држава“, дециден е Мицевски.