Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Мицевски: По една година консолидирање на државата и стабилизирање на институциите, продолжуваме да ги градиме темелите на промените

Ги почнуваме теренските активности и посета на граѓаните во општина Пробиштип. ВМРО-ДПМНЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ги почнуваме теренските активности и посета на граѓаните во општина Пробиштип. ВМРО-ДПМНЕ тргнува на разговор со граѓаните. По 365 дена консолидација на државата, стабилизирање на институциите, и борба со сите грешки коишто беа направени во системот, продолжуваме да ги поставуваме темелите на нашата држава, вели Никола Мицевски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во изминатиов период, дел од ветувањата коишто ги дадовме на граѓаните се реализирани. Зголемување на пензиите за 5.000 денари. Решавање на статусот на специјализантите. Зголемување на платите во образованието и многу други проекти од централно ниво, потребни за граѓаните. Во однос на работата на општините, обезбедени се средства со коишто може да аплицираат општините, да добиваат средства за реализација на капитални проекти. Општина Пробиштип ќе продолжи да се развива, со нов градоначалник којшто има визија, искуство и којшто ќе работи вистински во интерес на граѓаните, рече тој.