Реклама

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Македонија

Мицевски: Кандидатите на СДСМ за градоначалници се истите веќе два изборни циклуси, тоа е доказ дека Заев ги одбира, Филипче ги констатира

Кандидатите на СДСМ за градоначалници се истите веќе два изборни циклуси, тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатите на СДСМ за градоначалници се истите веќе два изборни циклуси, тоа е доказ дека Заев ги одбира, Филипче ги констатира, рече на денешната прес-конференција Јане Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев преку Филипче и СДСМ, сака да не врати во едно темно минато, кое беше исполнето со неуспешни градоначалници, кои ќе останат запаметени по своите скандали и неработа. Градоначалниците на Заев и денес ќе бидат на гласачките ливчиња, благодарение на послушноста на Филипче, кој само за да му удоволи на Заев, ги кандидираше луѓето на Заев. Таков е и примерот во Јегуновце, каде што кандидат по трет пат е Дарко Блажевски, за кој гарантира токму Зоран Заев. Блажевски откако веќе еднаш ја предводеше општината и не направи ништо за подобрување на животот на граѓаните, денес повторно ќе биде кандидиран од страна на СДСМ. Тој ветуваше културен дом со проект од 50 илјади евра во Јегуновце, за да на крајот стариот културен дом преку приватизација да си го земе во негова сопственост. Тој е единствен човек што има затворено ЈП. Во Јанчиште, вети канализација, направи дел од неа и никогаш не се пушти во употреба, додека во Жилче, ветуваше вода за жителите, за да дочекаат градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ да им го оствари тоа ветување. Кој еднаш ги разочарал, пак ќе ги разочара. Ете, ова се кандидатите на СДСМ. Во недостаток на нови, свежи и квалитетни кадри, кои можеби би понудиле нешто ново на политичката сцена, СДСМ и Филипче одат со стари и истрошени кадри, кои се блиски до Заев, а граѓаните не ги поддржуваат. Кандидатите на СДСМ кои се претставуваат како нови лица, се истите луѓе кои со години се на политичка сцена и се послушници на Заев, истакна Мицевски.

Затоа граѓаните ја даваат поддршката на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, додаде Мицевски.