Реклама

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

Македонија

Мицевски: Денеска паднаа маските, ДУИ и СДСМ го штитат Коцевски за да им го штити криминалот

Што значи пораката која што СДСМ денес ја упати кон јавниот обвинител…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Што значи пораката која што СДСМ денес ја упати кон јавниот обвинител Коцевски: „ОД ТЕБЕ ЗАВИСИ ДАЛИ ЌЕ БИДЕШ СО ШТИТОТ ИЛИ НА НЕГО“?

Денес, пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, јавно му порача на јавниот обвинител Коцевски дека „од него зависи дали ќе биде со штитот или на него“, објавува координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој истакнува дека ова не е обична и наивна политичка изјава, ова е опасна и директна порака до Коцевски да остане таму каде што е и да продолжи да ја брани позицијата на СДСМ и ДУИ, наместо да преземе одговорност и да постапува професионално и независно.

Реклама

-Ова е порака со која што СДСМ му става на знаење на Љупчо Коцевски дека не смее да помисли да се повлече, не смее да излезе од улогата на „заштитник“ и дека мора да продолжи да ги штити нивните криминали со непостапување, молчење и блокирање на секоја правна акција што би ја погодила нивната мрежа.

Љупчо Коцевски, со оваа политичка „поддршка“ која што ја добива од двоецот СДСМ-ДУИ, се става во позиција да биде симбол на одбраната на криминалните структури и коруптивните шеми кои ја уништија Македонија и ја урнисаа довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Од друга страна, се поставува прашањето:

Дали оваа „лозинка“ на СДСМ е порака на поддршка или порака на закана кон Коцевски?

Едно е јасно и кристално чисто.

Денес маските паднаа, а граѓаните ја дознаа вистината!

СДСМ и ДУИ се во очаен и последен обид да го спасат Коцевски, бидејќи само така можат да го заштитат својот криминал.

СДСМ изминатиов период глумеше и манипулираше, но затоа денес НЕ ГЛАСАШЕ “ЗА” интерпелацијата на Коцевски. И токму тука лежи одговорот, зошто ниту еден функционер на СДСМ не е гонет од обвинителството со кое што раководи Коцевски, дури и по една година откако тие во се опозиција.

Но веќе нема “како до сега”!

Нема да дозволиме јавниот обвинител како институција да биде нечија алатка за спас од одговорност, ниту на СДСМ, ниту на ДУИ, ниту на било кој друг политички центар на моќ.

Правдата и правичноста ќе победат, а криминалците ќе го добијат заслуженото, пишува Мицевски на Фејсбук.

Објавата можете да ја погледнете на следниот линк: