Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ, демократијата и независна Македонија изминатите 35 години беа сопатници низ времето

ВМРО-ДПМНЕ, демократијата и независна Македонија изминатите 35 години беа сопатници низ времето.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ, демократијата и независна Македонија изминатите 35 години беа сопатници низ времето. Ние сме млада демократија, 35 години не значи премногу, но е доволно за да направиме ретроспектива, да видиме колку имавме подеми и падови. Учевме и растевме од падовите, се обидувавме да станеме што е можно побрзо и создадаовме прекрасна приказна наречена Македонија, а демократијата е процес кој допрва ќе продолжиме да го растеме и усовршуваме, рече вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, отворајќи ја првата политичка платформа „Повеќе учество, повеќе демократија” што ја организира Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата.

Како што оцени Мицкоски, деморкатијата е на високо ниво, не само во рамки на ВМРО-ДПМНЕ, туку и во рамки на државата.

Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш била за независна, демократска, суверена држава.

Реклама

-Партијата во времето кога се уште бевме дел од поранешната СФРЈ, зборуваше за независна, демократска и суверена држава со свои банкноти, химна, армија, спортски репрезентаци,… Како резултат на тие политики во 1991 година  се случи акламативно изјаснување на граѓаните да имаме независна, сопствена држава, а демократијата да извира од народот. Роден сум во еднопартиски систем, како тинејџер бев во независна Македонија, а сега учествувам во демократските процеси и ја предводам најсилната органзиација. Убеден сум дека во иднина ќе можеме да видиме која генерација што и колку направила за демократијата да биде позрела од претходната, напомена лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

На отворањето на платформата која почна со интонирање на македонската и химната на ВМРО-ДПМНЕ, по Мицкоски, се обрати и Марија Митева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата.

-Сметаме дека демократијата не е нешто што се подразбира, туку нешто што бара да се гради, унапредува и достоинствено да се брани. Демократијата не е институционална формула што едноставно сме ја усвоиле и прифатиле, туку нешто што го доживува секој човек преку тоа дали се слуша неговиот глас, дали се исплати трудот што го вложува. Ниту еден демократски процес не се случил случајно, ние денес можеме да се натпреваруваме со идеи зашто генерации пред нас овозможиле да имаме независна држава и независни институции. Кога сега зборуваме за демократија, зборуваме и за нашето сопствено партиско политичко искуство, а тука е приказната и за жените кои во политиката не се вклучиле од вчера, напротив, биле дел од сите општествени процеси, потенцира Митева.

Во рамки на платформата ќе се одржат две панел-дискуси: „Учеството како двигател на демократијата“ и „Улогата на политичките партии во демократското учество“.

На првиот панел ќе учествуваат Тимчо Муцунски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Ивановска, генерален секретар на Извршниот комитет на Унијата на жените и државен секретар во Министерството за образование и наука, Ана Шутиновска, член на Извршниот комитет на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ, како и Маре Богева, член на Извршниот комитет на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ и директорка на Бирото за јавни набавки. На вториот панел ќе зборуваат Владо Мисајловски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за одбрана, Ленче Нелоска, потпретседателка на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Геронтолошкиот завод во Скопје, Драгана Арсова, член на Извршниот комитет на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, како и Елена Кочоска, член на Извршниот комитет на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ.

На првата политичка платформа „Повеќе учество, повеќе демократија” учествуваат и други високи членови на партијата, на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и министери во Владата.