Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Мицкоски: Станува реалност изградбата на автопатот Скопје – Блаце, клучен приоритет и меѓу првите ветувања на оваа Влада

Почетокот на изградбата на автопатот Скопје – Блаце, според премиерот Христијан Мицкоски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почетокот на изградбата на автопатот Скопје – Блаце, според премиерот Христијан Мицкоски, е историски зашто денеска таа станува реалност – почнува да се реализира иако, рече, повеќе од две децении проектот бил претставуван како „само што не почнал да се реализира“. Посочи дека овој проект бил меѓу приоритетите на Владата од нејзиното формирање пред 25 месеци.

– Ќе биде од особено значење за граѓаните на нашите две земји, Република Косово и Македонија, ќе значи подобро поврзување, подобар транспорт и размена, нешто што е исклучително важен атрибут во 21 век и е во корелација со стратешките приоритети на Владата бидејќи како држава не излегуваме на море, да бидеме крстосница на два значајни европски коридори: 8 и 10 – истакна Мицкоски во обраќањето по повод почетокот на изградбата на автопатот Скопје – Блаце. 

Прати три пораки од настанот – дека Владата го реализира ветувањето за овој клучен приоритет и очекува, рече, значителен напредок на терен. Изрази задоволство што македонска компанија ќе ги изведува градежните работи, што, рече, е додадена вредност за македонската економија и исполнување на исто така врвен приоритет – повеќе работни места за македонските граѓани. 

Реклама

– Денес тука нема да застанеме. Многу бргу од денеска продолжуваме со уште една автопатска делница, која е дел од Кордорот 8, која ќе ги поврзе местото Букојчани и автопатот Кичево – Охридд, кој очекуваме да го пуштиме на почетокот на следната година. Со тоа ќе се создадат услови во еден момент на територијата на државата да се градат шест автопатски делници, што порано никогаш не се случило. Тоа се делниците Блаце – Скопје, Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Букојчани – Кичево, Кичево – Охрид и Прилеп – Битола. Тоа е историски момент за граѓаните и за државата – истакна Мицкоски.

Порача и дека со овој проект почнува изградбата на иднината за нашите млади. Како што рече, политичарите се минливи и ги ценат по делата што ќе ги остават зад себе. 

– Мислам дека ние ќе оставиме капитални дела, кои ќе ја одредат иднината на државата и ќе обезбедат иднина за младите, кои наместо да заминат од татковината, ова ќе биде мотив да останат дома, а оние  што заминаа да се обидеме да ги вратиме и заедно, од дома, да се бориме за нашата заедничка татковина. Ние ќе бидеме фокусирани на економската обнова на државата – истакна Мицкоски. 

Претседателот на владата на Косово, Аљбин Курти, во обраќањето по повод почетокот на изградбата на автопатот Скопје – Блаце, истакна дека  е среќен што присуствува на поставувањето на темелите на, како што рече, модерната врска меѓу нашите две земји.

Многу поважно од зајакнувањето на ифраструктурната врска помеѓу Косово и Македонија, нагласи Курти, е тоа што ќе се скрати далечината, ќе се олесни протокот и ќе се создадат нови можности за соработка меѓу граѓаните и економиите на нашите земји.

– Нашите две држави имаат висок проток на граѓани од двете страни на границата. Семејствата, студентите, работниците, професионалците и нашиот бизнис се движат секој ден помеѓу Косово и Македонија. Само преку граничниот премин Елез Хан поминуваат речиси 54 илјади камиони годишно или приближно 150 камиони дневно. Затоа секој километар од нов пат што нè приближува е инвестиција во животот на нашите граѓани и во економскиот развој на двете земји. Овој автопат ќе го направи протокот побрз, посигурен и поефикасен. Истовремено, ќе им даде на нашите бизниси поголеми можности за движење на стоките, да ги развијат пазарите и да создадат нови партнерства – истакна Курти.