Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски со серија на средби во Њујорк: Европска интеграција, безбедност и регионална соработка во фокус

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Њујорк, оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Њујорк, оствари повеќе билатерални средби со високи претставници, на кои беа разменети мислења за европската перспектива на земјата, регионалната соработка, безбедноста и актуелните глобални предизвици.

Како што соопштија од Владата, премиерот Мицкоски во текот на вчерашниот ден остварил средба со претседателот на Република Финска, Александар Стуб, со кого разговарале за значењето на мирот, дијалогот и одговорното лидерство, како и за почитувањето на меѓународното право и зајакнувањето на мултилатералната соработка. На средбата, се додава, била истакната и важноста од заеднички напори за градење стабилна и безбедна Европа.

Фокус на билатералната средба со премиерот на Република Косово Албин Курти било унапредувањето на добрососедските односи, продлабочувањето на регионалната соработка, како и заедничките предизвици и можности за развој на двете држави.

Реклама

-Претседателот Мицкоски остварил билатерална средба и со премиерот на Република Хрватска Андреј Пленковиќ на којашто беа разменети мислења за европската перспектива на Македонија, продолжувањето на реформските процеси согласно европските стандарди, унапредувањето на добрососедските односи и зајакнувањето на регионалната соработка, стои во соопштението.

“We had a meeting with Kaja Kallas in which views were shared on current regional challenges, ways were discussed to further strengthen cooperation and the joint priorities aimed at stable, s

Премиерот Мицкоски исто така остварил средба и со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, на која биле разгледани актуелните регионални предизвици, можностите за понатамошно зајакнување на соработката и заедничките приоритети насочени кон стабилен и безбеден регион.

Средбите во Њујорк ја потврдуваат определбата на Македонија за активна и конструктивна улога во меѓународната заедница, зајакнување на партнерствата и продлабочување на соработката со европските и регионалните партнери.
Македонија останува посветена на реформите, европската интеграција, добрососедските односи и градењето стабилен, безбеден и просперитетен регион, наведуваат од владината прес – служба.