Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на промоцијата на капиталниот проект…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ – „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“, со кој официјално беше означен почетокот на реализацијата на новата фаза од модернизацијата на хидроенергетските капацитети во државата.

Мицкоски истакна дека проектот ќе овозможи модернизација на значаен дел од производствените капацитети на АД ЕСМ, особено хидроелектраните, што, како што рече, ќе придонесе за зголемување на производството на електрична енергија и на уделот на обновливите извори во производното портфолио на компанијата.

– АД ЕСМ ќе може во периодот којшто следи голем дел од своите производствени капацитети, посебно кога зборуваме за хидроелектраните, да ги модернизира, а со самата модернизација да се зголеми практично и произведената количина на електрична енергија, со што ќе го зголеми производното портфолио на АД ЕСМ во делот на обновливата енергија – рече Мицкоски.

Реклама

Посочи дека за третата фаза од рехабилитацијата на хидроцентралите се разговарало уште во периодот кога бил директор на АД ЕЛЕМ, истакнувајќи дека во меѓувреме немало напредок во реализацијата на проектот.

– Можам да се сетам дека за оваа фаза на рехабилитација на хидроцентралите зборувавме уште во времето кога јас бев директор на АД ЕЛЕМ. За жал, одреден период немаше напредок. Добро е што денеска раководството на АД ЕСМ заедно со финансиските институции коишто го обезбедија финансирањето на овој проект, нешто преку грант, нешто преку, би рекол, поволен кредит, ќе овозможат зголемување на портфолиото на производството на АД ЕСМ во делот на обновливите извори на енергија, во делот на хидропотенцијалот, а со тоа ќе се обезбеди квалитетна електрична енергија. Кога зборувам квалитетна, тука мислам на енергија којашто може да врши секундарно и терцијално користење во рамките на системот – посочи Мицкоски.

Тој изрази очекување ваквите проекти да продолжат и истакна дека Владата се стреми кон постигнување нето-нула разлика меѓу произведената и потрошената електрична енергија.

– Одиме во насока на целта на оваа Влада да бидеме нето-нула кога ќе се направи одземање, односно разлика на произведената и конзумираната електрична енергија. Веќе неколку месеци се движиме над или околу 95 отсто, што значи, полека но сигурно се ближиме кон целта, а тоа е да бидеме нето-нула на крајот од годината и јас веќе мислам дека следната година дури и ќе имаме одредени одредени вишоци – додаде Мицкоски.