Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4 отсто е индикатор дека состојбата е стабилизирана

– Растот на индустриското производство во вториот квартал од 3,4 отсто е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Растот на индустриското производство во вториот квартал од 3,4 отсто е индикатор дека состојбата е стабилизирана и конечно стигнуваат позитивни вести, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Според него, растот од околу 3,4 отсто во вториот квартал е индикатор дека по 25-26 месеци од оваа Влада состојбата е конечно стабилизирана и дека во оваа насока треба да се продолжи и во периодот што следи.

– Индустриското производство во овие услови е исклучително значаен податок и неговиот раст, посебно во вториот квартал кој што е над 3 отсто мислам дека е околу 3,4 отсто, но уште повеќе радува фактот што преработувачката индустрија расте. Значи, не се темели на услуги или на нешто друго, туку имаме раст на преработувачката индустрија. Ова се први индикатори кои велат дека по овие 24, 25, 26 месеци од оваа Влада, конечно стигнуваат позитивни вести, односно да се изразам попрецизно, конечно е стабилизирана состојбата која ќе треба да продолжиме да ја развиваме и да ја растеме. Во периодот што следи очекувам и тоа да се случи, нагласи Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на Градскиот воз.

Реклама