Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вчерашното интервју на ТВ „Алфа“ порача…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вчерашното интервју на ТВ „Алфа“ порача дека во односите со европските партнери мора да се гледа рационално и без емоции посочувајќи дека условите со кои денес се соочува Македонија биле прифатени од претходната влада.

„Да бидеме реални, настрана чувствата и емоциите – ова е сепак сериозен свет и таму треба да се остават емоциите настрана и да видиме што вели разумот. Не можам да се согласам кога велиме „нелогични барања“ бидејќи некоја претходна македонска влада тие таканаречени нелогични барања ги прифатила, ставила потпис на договор. И истата таа што ги прифатила денеска излегува во јавноста и кажува лаги и конструкции обвинувајќи ја денешната Влада – не знам, вели, ќе сме го враќале името, презимето, ќе сме правеле не знам што, не знам како. А не гледа дека истата таа политичка партија не само што ја ограби Македонија, не само што ја понижи, туку целосно го забетонира овој процес, којшто ние сега од петни жили се обидуваме некако да го откочиме. Верувајте, тоа не е едноставен процес. Затоа што од другата страна, условно кажано, имаме противник што е многу поголем, помоќен и е внатре. И има договор којшто македонската Влада го прифатила. И кога ги молевме додека бевме во опозиција, не нѐ послушаа“, вели Мицкоски.

„Ние мораме да се бориме. Тоа што е погрешено, чекор по чекор да го враќаме. Задачата на оваа генерација е да направи чекор-два со тоа што ќе поврати дел од тоа што претходната генерација го заборавила, односно го продала. По нас, тие што ќе дојдат треба да се борат за следните два чекори — ова е процес којшто ќе трае. Не треба ниту ние, ниту граѓаните да ги обвинуваат луѓето од Брисел. Тие се трудат, сакаат, знаат дека ни е нанесена неправда, сочувствуваат со нас итн., но сè завршува со реченицата: „Вие си прифативте, некоја ваша влада ставила потпис на тоа“, нагласи Мицкоски.