Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во гостувањето на ТВ „Алфа“, говорејќи за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во гостувањето на ТВ „Алфа“, говорејќи за инвестициите коишто ги носи Владата и за односот на опозицијата, истакна дека СДСМ измислува лаги и е против рудници наместо да ги праша граѓаните на Крива Паланка што мислат, или пак нивниот градоначалник, којшто отворено поддржува отворање на рудник.

„Ќе си измислат тема — овие се за податочен центар, ќе ни ја земат водата, струјата… луѓето коишто ја разбираат оваа проблематика се смеат. Си измислија тема за антимонот. Појдете во Крива Паланка и прашајте ги луѓето. Тоа е рударско место, таму веќе го има рудникот „Тораница“, којшто, патем речено, сега конечно се среди“, вели премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека лично добил повик од градоначалникот на Крива Паланка (којшто, патем, доаѓа токму од редовите на СДСМ) со барање да помогне да се реши проблемот, затоа што без егзистенција ќе останат стотици или илјадници семејства и дополнително ќе се исели градот, којшто и онака се соочува со миграција.

Реклама

„Сето ова кога ќе го анализирате, ќе дојдете до заклучок: дајте да си ја тераме нашата работа, да ги реализираме целите, програмата, сè она што го имаме зацртано. А што и да правиме, тие ќе си ја кажуваат својата лага, својата измислица — живеат во тој паралелен свет. Тие своето, ние своето. На крајот од денот ќе има избори, па граѓаните ќе одлучат“, потенцираше премиерот Мицкоски.