Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Ние испорачуваме и го правиме тоа што го зборуваме. Кога кажуваме и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ние испорачуваме и го правиме тоа што го зборуваме. Кога кажуваме и ветуваме нешто, се обидуваме да го исполниме. Го правиме тоа што го зборуваме – и во животот и во политиката, вистинската политика. Не треба да импровизирате. Подобро е да молчите отколку да импровизирате и да кажете нешто што не сте во можност да го испорачате. Така што, сè она што го кажуваме и зборуваме – го правиме. Имаме план. Сега сме меѓу земјите во НАТО и сојузниците во НАТО кои ги исполнуваат своите обврски и цели, достигнувајќи 3,5 отсто до 2035 година за воени расходи и како надополнување на тоа, 1,5 проценти инвестиции во стратешката инфраструктура – што значи автопати, железници, водови за пренос на енергија, што се сметаше за вид тесно грло на нашиот континент. Затоа, мора гордо да кажам дека, да, посветени сме, имаме план и го следиме тој план, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Атлантскиот совет.

Мицкоски оцени дека земјава е во многу подобра форма од пред три години и уверен е, како што напомена, дека за три години ќе биде во уште подобра позиција.

-Ако ја анализираме ситуацијата во мојата земја, веројатно можам да кажам дека да, во подобра форма сме од пред една година и во многу подобра форма сме во споредба со ситуацијата во мојата земја пред три години. Цврсто верувам дека за три години од сега, мојата земја ќе има подобра позиција и ќе биде во подобра форма во споредба со денес, нагласи премиерот.

Реклама

Според него, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник.

-Нашето стратешко партнерство со САД не дојде одненадеж. Тоа е децениски старо стратешко партнерство и продолжување на таа траекторија. Ние веруваме дека нашиот најсилен сојузник се Соединетите Американски Држави. Веруваме и јас и нашата Влада дека ги делиме истите вредности, а во животот, кога избирате партнер, избирате партнер. Играњето двојни игри или имањето двојни стандарди не е нешто што е посакувано за мене лично, ниту за мојата Влада. Затоа, стоењето рамо до рамо со стратешките партнери — избрани еднаш – треба да трае засекогаш. Ако го менуваме нашето мислење во зависност од дневната политика, тогаш никој нема да ви верува и никој нема да има доверба во веќе идното партнерство. Ние можеме само да го продлабочиме нашето стратешко партнерство со САД. Можеби сме мала земја, но сме со многу добра геопозиција во срцето на Балканот. Можеби сме неколку километри подалеку од морето, но сме природен крстопат на неколку многу важни проекти во регионот и во Европа, генерално. Така што, мислам дека нашето стратешко партнерство со САД ќе биде од корист за сите, не само за двете земји, туку и за регионот и за Европа, рече премиерот.

Денешниот разговор е дел од иницијативата „Балканот напред“ на Центарот за Европа, која работи на одржување на Западен Балкан на надворешнополитичката агенда во Вашингтон и на олеснување на дијалогот и анализите за најгорливите прашања со кои се соочува регионот.

Премиерот Мицкоски со владина делегација е во посета на Соединетите Американски Држави (САД). Предвидено е да има средби во Сенатот, Конгресот и Стејт департментот, со претставници на финансиската институција DFC, со државници и со влијателни тинк-тенк организации. Мицкоски престојува во Вашингтон, но ќе учествува и на годинешното собрание на Обединетите нации во Њујорк.