Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Мицкоски од САД: Нови можности за инвестиции и продлабочување на стратешкото партнерство

Премиерот Мицкоски, подржан од владина делегација ја започна големата економската и политичката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Мицкоски, подржан од владина делегација ја започна големата економската и политичката мисија во САД. Во Вашингтон, македонскиот владин тим, иако е само на почетокот на речиси двоненеделната посета на Америка веќе оствари средби со влијателните конгресмени Клаудиа Тени и Кит Селф. Премиерот објави дека на остварената средба со конгресменката Тени, која инаку е копретседавач на македонската група за пријателство во конгресот на САД било разговарано за традиционално силните и пријателски односи меѓу Македонија и САД, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји. Тој додава дека посветеноста кон унапредување на партнерството, почитувањето на заедничките вредности и градењето стабилни односи остануваат важен темел за идната соработка.

На агендата на посетата на високата македонска владина делегација во САД, се остварија и разговори со Каролин Вик, претставничка на ДФЦ – финансиска институција којашто финансира проекти ширум светот, најчесто високоразвиени технолошки проекти. Тие биле заинтересирани за проекти во делот на енергетиката, инфраструктурата и напредната технологија, каде што Владата ги понудила расположливите капацитети. ДФЦ располага со инвестициски капацитет од 205 милијарди долари и претставува значаен инструмент на САД за мобилизирање приватен капитал и инвестиции во стратешки сектори.

Премиерот се сретна и со конгресменот Кит Селф, претседател на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД. Било разговарано за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областите од значење за двете држави.

Реклама

Мицкоски во САД ќе учествува на овогодишното Генерално собрание на ОН. Тој посочи дека во рамките на посетата, од билатералните средби коишто се планирани, очекува склучување нови договори коишто се важни за иднината на државата.