Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Мицкоски: Од ограбена држава клекната на колена за три години направивме подобро место за живеење

Од клекната, ограбена и распадната држава, која пред 26 месеци ни беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од клекната, ограбена и распадната држава, која пред 26 месеци ни беше главен предизвик, а ја наследивме од претходната влада на СДСМ и ДУИ, денеска можеме да кажеме дека Македонија, по три години, е подобро место за живеење. Јас ви гарантирам дека за три години ќе биде уште подобро место за живеење од денеска – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. 

Тој при промоцијата на нови комунални возила за општините истакна дека изминатите 26 месеци се бореле со распаднати и уништени институции, со ограбена држава, која била клекната на колена.

– Завршувавме проекти што беа почнати и заборавени, градевме експресни патишта, делници од пруга и продолжуваме да градиме експресни патишта и делници од пруга. ​Продолживме со автопатските секции, почнуваме нови автопатски секции. Бевте сведоци пред некој ден на една таква нова автопатска секција, која ја почнавме, следниот месец ќе ставиме камен-темелник и на уште една друга автопатска секција – потенцира премиерот.

Реклама

Додаде дека во овој период реконструирале болници и го поправале уништеното од претходната влада во здравството, како и последиците од криминални политики кога, како што истакна, бевме држава што беше буквално на дното.

– Ограбени граѓани, уништена, девастирана економија со погрешни економски политики, прогресивни даноци, солидарни даноци и што ли не се правеше во тој период, кој сите ние бргу сакаме да го заборавиме. Но, дојде Влада, која се зафати веднаш за работа и да го коригира сето она што беше оставено од претходната, би рекол, криминална влада на СДСМ и ДУИ. ​Еден од водечките проекти на почетокот на оваа Влада беше децентрализирање средства од државниот буџет кон општините и на тој начин успеавме да обезбедиме проекти од половина милијарда евра, кои се децентрализираа од централниот буџет кон општините за капитални инвестиции – истакна Мицкоски.

Тука, нагласи, не застанале, туку продолжиле да соработуваат и натаму со општините.

– ​Еден од проектите со кои можеме исто така да се пофалиме е и овој проект денеска, кој го претставуваме за подобра животна средина, за поголема хигиена во нашите општини. Им честитам на сите оние што ќе добијат нова механизација, нови алатки да се справуваат со сметот. Повикувам и на општествена одговорност и на граѓанска одговорност затоа што нашата животна средина е наша животна средина и треба да си ја чуваме и сите еднакво да бидеме одговорни кон неа – рече премиерот Мицкоски. 

Според него, следниот чекор е испораката на автобусите, кои би требало многу бргу да почнат да се испорачуваат до општините за организирање еколошки јавен градски превоз, истакнувајќи дека тука мисли на електричните автобуси.

Тој изрази благодарност до колегите од Владата, до заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Алаксандар Николоски, до заменичката во Министерството за транспорт, до градоначалниците, до директорката на Светската банка во регионот, но, како што рече, и до сите оние што ги поддржуваат овие проекти.

– Јас сум убеден дека во периодот што следува ќе продолжиме да го испорачуваме сето она што го ветивме пред граѓаните. Знам дека тешко се живее, впрочем и никогаш не било полесно, но ние сме тука да го ставиме срцето на терен и да направиме сѐ што е во наша моќ да го подобриме животот на граѓаните преку проекти како овој. Сигурен сум и убеден сум дека тоа ќе се стори – потенцира премиерот Мицкоски.