Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Мицкоски од Њујорк: ЕУ-интеграцијата е за реформа на институциите, а не за промена на идентитетот

Европска Унија е наша стратешка цел, и со интеграцијата требаше да ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европска Унија е наша стратешка цел, и со интеграцијата требаше да ги промениме институциите, а не македонскиот идентитет. Премиерот Христијан Мицкоски, го искористи најголемиот светски подиум –  Генералното собрание на обединетите нации да ги искаже фрустрациите со кои се соочува Македонија на својот пат кон Европска унија, и која е стратегијата на новата влада. Говорејќи на самитот „Конкоридја“ кој се одржува паралелно со заседанеито на ОН во Њујорк Мицкоски направи парарла со се што Македонија направила досега, секоја отстапка, од знамето до името, а не добила ништо за возврат. Рече – европа за нас како да стана приказна без крај. Но без разлика на тоа, фокусот на владата е насочен кон нови реформи и промени во институциите, и покрај притисокот за дополнителни прашања поврзани со идентитетот.

„Ние го започнавме нашето патување пред речиси две и пол децении. И, за жал, поради некои вештачки причини, не успеавме да станеме дел од ЕУ. Веројатно еден ден ќе го постигнеме овој камен-темелник. Во меѓувреме, фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, бидејќи во минатото направивме премногу отстапки: го сменивме знамето, Уставот го сменивме неколку пати, дури и го сменивме уставното име и сето тоа изгледа како приказна без крај“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

На прашањето дали сепак има и позитивни пораки од Брисел, премиерот Мицкоски посочи дека пораките од самитот на ЕУ и земјите од Западниот Балкан во Тиват биле исклучително позитивни.

Реклама

 „Имаше заедничка презентација од Франција и Германија на еден документ којшто е неформален. Од Брисел слушаме дека можеби на следните заклучоци на Советот овој документ би можел да стане нешто што е официјална политика на ЕУ. Ќе видиме. А во меѓувреме ние целосно ја усогласивме нашата заедничка надворешна и безбедносна политика со ЕУ. “, изјави премиерот.

Обновениот нафтовод од Солун, гасните интерконектори кон Грција и Србија, како и Коридорите 8 и 10, според премиерот го продлабочуваат партнерството меѓу земјата и регионот. Економијата беше уште една од темите во Њујорк. Мицкоски го посочи растот од 4,3 проценти во вториот квартал од годинава, при што оцени дека Македонија продолжува со економскиот развој и покрај сите предизвици.

„На почетокот на годината го обновивме нафтоводот што го поврзува солунското пристаниште со нашата нафтена рафинерија, па сега ги задоволуваме нашите потреби, но и извезуваме во регионот. Нашите цени за дизел и безоловни горива се прилично конкурентни, 50 евроценти по литар поевтини од соседните земји. “, вели Мицкоски.

Посетата во Њујорк, Мицкоски ја искористи за промовирање на макеоднските интереси пред американската и меѓународната јавност, отсликувајќи ја сложеноста на европскиот пат на земјата. Но, посочи дека Македонија сепак остава простор за продолжување на процесот и покрај сите поставени услови и барања.