Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Мицкоски: Очекувам 2026 година да ја завршиме со раст на БДП меѓу 3,5 и 4 отсто

Премиерот Христијан Мицкоски очекува да продолжи трендот на раст на македонската економија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски очекува да продолжи трендот на раст на македонската економија и годинава да ја завршиме со раст на БДП меѓу 3,5 и 4 проценти.

Во гостувањето на една од националните телевизии, Мицкоски истакна дека по силното придвижување во вториот квартал очекува раст од 3,5 до 4 отсто и во останатите два квартала.

– Првите параметри кои излегуваат за првиот месец од третиот квартал како што се индустриското производство, туризмот, градежништвото, се охрабрувачки дека може да имаме силен трет квартал. Треба да видиме како ќе биде во следните месеци, но очекувам 2026 година да ја завршиме со реален раст меѓу 3,5 и 4 проценти, со што во континуитет ќе продолжиме да растеме на реална основа, а номинално растот да биде над 8 проценти, рече Мицкоски.

Реклама

Посочи дека денес веќе може да се зборува за БДП кој номинално е 22 милијарди долари, и 12 илјади долари по глава на жител.

– Нешто што за нас претставуваше цел на крајот на мандатот еве го постигнуваме на нешто повеќе од половина од мандатот. Потврдениот рејтинг од агенцијата Фич е потврда за она што го работиме. И покрај нихилизмот и желбата на опозицијата да банкротира државата, бидејќи знаат во какви долгови и каков хаос ја оставија. Тие секоја вечер легнуваат и се молат нешто лошо да ѝ се случи на државата. Но, за нивна жал, а за среќа на државата и на граѓаните тоа не се случува, одиме напред. Дали е совршено, не е совршено, дали има проблеми има проблеми, но ние ги решаваме, особено по катастрофата што ја наследивме. Факт е дека се живее подобро отколку пред три години, а ќе сториме се да се живее подобро и по три години отсега, истакна Мицкоски.