Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Мицкоски очекува растот на економијата да продолжи

Растот на бруто-домашниот производ и индустриското производство се показатели дека македонкста економија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Растот на бруто-домашниот производ и индустриското производство се показатели дека македонкста економија е на пат на стабилизација, оцени премиерот, Христијан Мицкоски. Според него, по период на економски предизвици, позитивните трендови стануваат се поизразени. Тој очекува економијата да пртодолжи да испорачува позитивни трендови и економскиот раст да продолжи:

„Оваа година планираме растот да биде помеѓу 3,5 до 4%. Реалниот раст да продолжи, а нминалниот да се движи некаде околу 8%. Она кое што е предизвик повеќе е фактот што овој раст се случува во период кога имаме раст на европската економија помала од 1% на годишно ниво, а нас најголем трговски партнер ни е смата ЕУ.“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Во ваков амбиент, опозициската СДСМ критикува дека Владата ја презадолжила државата. Тврдат дека Владата усвоила ново задолжување од 1,3 милијарди евра, со што вкупното задолжување во изминатите две години достигнало четири милијарди евра. Според нив, буџетскиот дефицит надминува четири проценти од БДП.

Реклама

„ Мицкоски за две години, направи 30% од вкупниот јавен долг од независноста на Македонија до денес. Но каде одат парите? Сите пари одат во криминални партиски тендери“, изјави Богданка Кузеска, Портпаролката на СДСМ.

Премиерот Мицкоски реагира дека е јасно за што и каде одат парите. Владата се задолжува за да ги врати долговите кои ги направила претходната власт.

„Владата во овој период се задолжува за да врати стари долгови, односно да бидам попрецизен, пре днекој ден имаше свое интервју поранешен функционер во Владата на СДСМ и ДУИ кој што денеска се рпетсѕавува кко експерт. Смиот кажа дека кога тие дошле во самото министерство за финансии за камати плаќале 120 милиони евра.“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Владата ваквите критики ги оценува како политички напади и обид да се прикаже состојбата полоша отколку што е.