Реклама

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Мицкоски: Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација, ќе потсетам дека со владите на Заев и Ковачевски оделе по 50-ина луѓе, но без резултати

Македонија

Мицкоски: Логично е во присуство на претставници од ЕУ да се преговара со Бугарија затоа што аргументите треба да се слушнат објективно

Со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која в петок…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја во земјите од Западен Балкан, ќе се разговара за актуелната состојба во врска со процесот на проширување и за предизвиците што се случија и оние што претстојат – соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на ниовинарски прашања по промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ за трета фаза од ревитализацијата на хидроелектраните, претседателот на Владата посочи дека многу работи се случуваат во регионот, во ЕУ и во светот, кои, рече, се индикатоир каква политика и какви планови треба да гради државата. 

Притоа ги посочи неуспешниот референдум на Исланд за рестартирање на преговорите со ЕУ, победата во покраини во Германија на екстремни, односно политички структури, кои не се мејнстрим и се антимигрантски и против проширување на ЕУ, напролет претседателските избори во Франција, каде што фаворит за претседател е Марин Ле Пен.

Реклама

– Сето ова е некаков индикатор врз основа на кој ние ќе треба да ги градиме политиките во следниот период. На светот му се случуваат големи предизвици, светот се менува, имаме две сериозни војни – во Украина и во Заливот. Имаме јасна стратегија, план и јасна цел – ние нашата домашна задача ќе ја работиме, другото не е на нас – изјави Мицкоски.

На прашањето дали со Фон дер Лајен ќе се отвори прашањето за учество на ЕУ во преговорите со Бугарија, Мицкоски одговори дека сме „подготвени и сакаме да разговараме секаде и на секоја тема и во тоа е суштината на демократијата“ и дека смета оти е добро во разговорите да има претставници од Европската комисија и од ЕУ за да ги слушнат аргументите објективно. Како што рече, ако некој одбива да разговара, тоа значи дека не ги почитува елементарните вредности на демократијата. 

Дури, рече, може да се разгледа и можноста за претставници од НАТО, каде што сме сојузници со Бугарија и додаде „за жал, нашиот сојузник таму нè блокира во друга мултилатерална организација – Европската Унија“.

– Логично е да се седне и да се разговара во присуство на претставници од ЕУ затоа што треба да се слушнат аргументите објективно. Вака, кога седиме и разговараме на билатерална основа, тоа што се разговара нема никаква суштина. Ниту, пак, потоа брифирањето по тие средби е онака како што се разговарало таму. Ценам дека за да имаме некаков ефект и суштина од тие разговори, добро е да има претставници од Европската комисија, од ЕУ, за да ги слушнат аргументите. Ако нашите аргументи не држат, тогаш ние сме подготвени да ги прифатиме и другите аргументи. Но ајде да ги слушнеме аргументите, да зборуваме за повелбите на самата Европска Унија, за вредностите, за институционалната меморија. Ние сме подготвени за сето ова да седнеме и да разговараме и да најдеме начин. За нас тоа е константа и тука нема промени во ставот – рече Мицкоски, кој на прашање одговори дека нема комуникација со бугарскиот претседател Румен Радев.  

Мицкоски рече и дека не би го коментирал она што го објавува еден медиум откако бриселски „Политико“ вчера објави дека Европската Унија подготвува „патокази со конкретни чекори за пристапување на најнапредните земји кандидатки за членство – Црна Гора и Албанија, како и Украина и Молдавија“, а другите земји кандидатки, кои се наоѓаат во порана фаза од процесот, како Северна Македонија, Косово и Босна и Херцеговина, „во оваа фаза нема да добијат патокази“.

– Претпоставувам (медиумот) се повикува на некои извори во Унијата. Ќе треба да ја прашаме ЕУ дали е тоа точно и ако е точно, зошто е тоа така имајќи предвид дека ние испорачуваме најголем дел од реформите, кои се дел од реформската агенда и планот за раст, и тоа веќе два извештајни периоди по ред. И ако во процесот на пристапување кон ЕУ кандидатите се оценуваат врз основа на заслуги, тогаш за мене е нелогично ако е ова точно. Но првин треба да видиме дали е тоа така или не е. Моите информации не велат дека е тоа така – изјави Мицкоски.