Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Економија

Мицкоски: Литар дизел-гориво без владината поддршка ќе биде поскап повеќе од 11 денари, дневно се заштедуваат до 250 илјади евра за граѓаните

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, кој истакна дека во услови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, кој истакна дека во услови на глобална енергетска криза цените на горивата во Македонија се убедливо најниски во Европа, при што, според него, владините мерки значително го намалуваат ударот врз стандардот на граѓаните.

„Во моментот во светот се случува најголемата енергетска криза што човештвото ја памети. Во овие услови цената што ја имаат горивата во Македонија е најниска во Европа – кога велиме најниска, е убедливо најниска во Европа. Ако се направи споредба со соседството, со Грција, со Албанија, со соседна Србија или ако одиме посеверно, накај БиХ, Црна Гора, Хрватска, Словенија и така натаму, ќе видите дека цената на горивата кај нас е од 20 до 50 % пониска во споредба со соседството“, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски во своето гостување посочи дека без владините мерки, дизел-горивото би било поскапо за 11-11,5 денари за литар истакнувајќи дека тоа значи директна заштеда на повеќе од 250 илјади евра дневно за граѓаните.

Реклама

„Ќе ви дадам една пресметка, еве, на пример, за дизел-горивото. Дизел-горивото, кога не би биле овие мерки на Владата, би било поскапо за 11-11,5 денари за литар. Што значи тоа во пари? Тоа значи повеќе од 250 илјади евра на ден. Толку е заштедата со мерките на Владата што ја прават граѓаните – кога зборувам за заштеда, зборувам за директната заштеда. Кога на тоа ќе го додадеме и безоловниот 95- и 98-октански бензин, тогаш ќе дојдеме до повеќе од 300 илјади евра на ден директна заштеда кај граѓаните“, истакна Мицкоски.

Мицкоски оцени дека пониските цени на горивата имаат ефект и врз инфлацијата бидејќи се намалуваат трошоците во целиот економски синџир.

„Тоа понатаму во синџирот имплицира ниско ниво на инфлација, а тоа ниско ниво на инфлација е меѓу најниските во Европа за јули и за август и е во рамките од 2 до 3 % – нешто што денеска претставува природна инфлација според оние пораки што ги испраќаат Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка“, вели Мицкоски.

Според претседателот на Владата, Мицкоски, владините мерки во следните две недели ќе обезбедат директна заштеда во буџетот на граѓаните од 4 до 4,5 милиони евра додавајќи дека земјата има доволно резерви и стабилно снабдување со гориво.

„Така што, она што го прави Владата во моментот, во следните две недели, ќе значи директна заштеда во буџетот на граѓаните помеѓу 4 и 4,5 милиони евра. Ќе ја следиме ситуацијата – со резерви сме доволно снабдени, продуктоводот што го поврзува солунското пристаниште со рафинеријата е полн, не воведовме забрана за извоз, некои од аеродромите во регионот се снабдуваат со керозин од нашите, би рекол, трговци, а нашите трговци снабдуваат дел и од соседните земји“, истакна Мицкоски.