Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Мицкоски: Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација, ќе потсетам дека со владите на Заев и Ковачевски оделе по 50-ина луѓе, но без резултати

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ги отфрли обвинувањата од СДСМ за бројноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ги отфрли обвинувањата од СДСМ за бројноста на владината делегација во Њујорк посочувајќи дека токму во времето на владите на СДСМ и ДУИ делегациите биле многу помногубројни.

Премиерот во вчерашното интервју во емисијата на ТВ „Алфа“ рече дека „кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација, ќе потсетам дека со владите на Заев и Ковачевски оделе по 50-ина луѓе, но без резултати“.

– Тоа е Фројд, бидејќи тие оделе така, и сега мислат дека сите одат така. Во Владата на СДСМ и ДУИ првпат на еден настан на Генералното собрание се појавија тогаш и претседателот и премиерот – ако се сеќавате, кога отидоа и Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски. Тогаш можеби броеле делегациите 50 луѓе. Инаку, не, таман работа! Какви 50 луѓе, не станува збор за такво нешто. Многу помалку од оваа бројка, можеби помалку од половина од оваа бројка. Но, како и да е, тоа е сериозен настан – еден таков во годината што се одржува – и се разбира дека е потребна логистика и има повеќе настани на кои повеќе луѓе треба да бидат присутни. На една група настани беше министерот Сали, на друга беше министерот Муцунски, паралелно со ова се одвиваа и економски настани настрана од Генералното собрание на Обединетите нации, па дојде и министерката за финансии – рече Мицкоски.