Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк

Премиерот Христијан Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан во Њујорк…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан во Њујорк имаа средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас. 

– Остваривме средба со Каја Калас, на која беа разменети мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за понатамошно зајакнување на соработката и заедничките приоритети насочени кон стабилен, безбеден и просперитетен регион – објави премиерот Мицкоски на својот фејсбук-профил.

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој учествува на Генералното собрание на ОН во Њујорк, претходно учествуваше на состанокот на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан, а имаше средби и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како и со премиерот на Косово, Аљбин Курти.

Реклама

Мицкоски учествуваше и на панел-дискусијата на високо ниво Reaffirming the promise of peace: using the power we have, чиј домаќин во Њујорк беше претседателот на Финска, Александар Стуб, на која се разговараше за важноста на мирот, дијалогот, одговорното лидерство и улогата на државите и меѓународните институции во справувањето со глобалните предизвици. 

Мицкоски воедно оствари и средба и разговор со претседателот Стуб, на која се истакнати значењето на почитувањето на меѓународното право, силната мултилатерална соработка и потребата од градење стабилна и безбедна Европа.

– Македонија останува посветен партнер во напорите за мир, стабилност и соработка, како членка на НАТО и земја стратешки определена кон европската интеграција – напиша премиерот Мицкоски на „Фејсбук“.