Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Мицкоски: Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека со владината одлука за намалување на цените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека со владината одлука за намалување на цените на училишниот прибор, донесена пред два дена, им се помага на семејствата да се намалат трошоците и да се заштити животниот стандард на граѓаните.

– Пред два дена на владина седница донесовме одлука за намалување на цените во големопродажбата за 10 проценти и во малопродажбата до 15 проценти. И тука е опфатен целокупниот училиштен прибор. Сè што спаѓа во училиштен прибор – од тетратки, моливи, пенкала, гуми, блокови, ранци – сето тоа е опфатено со оваа одлука и треба јасно да биде означено брендирано. И оваа одлука ќе трае до 30 септември. Очекуваме на овој начин пред почетокот на учебната година на родителите да им ги олесниме овие почетни училишни денови, односно да може да се генерира заштеда во семејниот буџет. И цениме дека како Влада тоа е корисно што го правиме – изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по потпишувањето договор за проектирање и изградба на интерконективниот гасовод Македонија – Србија.

Владата на 25 август ја донесе оваа одлука, која ќе биде во сила заклучно со 30 септември 2026 година.

Реклама

​Мерката опфаќа широк спектар на производи, кои се неопходни за почетокот на учебната година: ранци и ташни; тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала; боички, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст-маркери; темперни, акрилни и водни бои и четки; ​линијари и дидактички материјали; ​острилки и гуми за бришење; ​детски ножици, футроли, лепила, шестари; ​дигитрони, украсна хартија, папки и картонски ташни. Тука спаѓаат и материјали за изработка, практично сè што е потребно за почетокот на учебната година.