Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години, а јас ви ветувам дека за три години од денеска ќе се живее многу подобро од денес

Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години, а јас ви ветувам дека за три години од денеска ќе се живее многу подобро од денес – ова е порака на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во одговорот на прашањето дека опозицијата забележува оти растот на бруто-домашниот производ (БДП) е недоволен. Премиерот Мицкоски истакна дека понекогаш не сака да коментира она што го споменува опозицијата бидејќи, како што рече, „тоа што го кажува е целосна невистина и неаргументирана изјава, се разбира“.

– ​Во случајот можам само да кажам дека имајќи предвид каква беше состојбата во државата пред 25-26 месеци, она што го наследивме со уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани, можам да кажам дека колку и да сакаат тие да го оцрнат тоа што денес оваа Влада го работи, ќе мора сите да се сложиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години, а јас ви ветувам дека за три години од денеска ќе се живее многу подобро од денес – изјави Мицкоски. 

Премиерот Мицкоски порача дека тоа е целта на Владата и се мотиварни да испорачуваат проекти, инвестиции, што граѓаните може да ги видат, а кои придонесуваат за подобар стандард и живот.

Реклама

– Инспирацијата целосно ја црпиме од поддршката што ја добиваме од граѓаните и јас сум за тоа исклучително благодарен, ​дека е сè идеално – не е. Дека има грешки – има, кој работи знае и понекогаш да погреши, но дека е многу подобро отколку пред три години, мора сите да се сложиме дека е така – рече Мицкоси по отварањето на новиот погон на фабриката ВИК“во ТИР-зоната во Прилеп.