Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Прилози

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Македонија забрзано напредува. Расте БДП, растат инвестициите и вложувањата. Паралално државата го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија забрзано напредува. Расте БДП, растат инвестициите и вложувањата. Паралално државата го намалува и јавниот долг. Лани растот на БДП изнесуваше 3,5%, додека пак претходната година 3.Од друга страна, јавниот долг на крајот на јуни изнесува 58,8% од БДП , при што се забележува континуирано намалување. Споредено со крајот на 2024-та, долгот е намален за 2,6 отсто. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ваквите резултати се должат на правилно спроведените економски политки од оваа Влада кои се на врвот на листата на приоритети.

 “Ако се спореди периодот на претходната влада на СДСМ и ДУИ со периодот на оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, тогаш ќе дојдеме до следните параметри: за трипати пократок период БДП пораснал за 120 милиони евра повеќе. Со други зборови — три спрема еден. Отприлика таков е и односот на рејтинзите на политичките партии, но такви се и резултатите во економијата. Дали е тоа доволно? Не. Дали треба уште да се работи? Да. Но, имајќи предвид дека до пред три години бевме убедливо на дното во регионот, сега сме на прво или второ место кога станува збор за овие параметри“, изјави Премиерот.

Градежништвото засега е моторот на растот на македонската економија. Покрај општините кои започнаа со градежните активности, силен раст во секторот придонесува и изграбата на автопатите и железницата. Се гради инфраструктура која треба да донесе и конктинуиран раст на економијата.

Реклама

„кога ќе ги погледенте параметри ќе забалежите дека градежништвото расто со стапка поголема од трисест проценти во делот на издадени одобренија за градба. Но, она кое што нас не охрабрува е и вредноста на работите кои што ќе се реализуираат во градежништвото, кој што исто така е над 30 проценти споредбено со истиот период минатата година„ додаде Мицкоски.

Покрај градба на новите објекти, паралелно се работи и на веќе започнатите големи инвестиции. Следниот месец започнува изградбата на автопатот од Скопје до Блаце. На почетокот од следната година се очекува да започне со градба брзата пруга кон Грција, по коридорот 10, а паралелно се работи и на железничкото поврзување со Бугарија. Со ненамалено темпо се обезбедуваат и ресурси за стабилна енергетска состојба во државата со гасното поврзување со Грција, со што Македонија од две страни ќе се снабдува со гас, а паралелно ќе извезува и кон Србија, откако ќе заврши поврзувањето по коридорот 10.