Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Инвестициите во обновливи извори на енергија, стратегијата за развој на енергетскиот сектор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестициите во обновливи извори на енергија, стратегијата за развој на енергетскиот сектор придонесоа Македонија да остане надвор од опасноста да остане без струја. За Владата, моменталната состојба во државата гарантира енергетска стабилност, а струја има доволно и нема да има рестрикции. Во период кога Европа се соочува со најголемите суши во последниот век, а цената на струјата расте на берзите, надлежните кај нас имаа простор да креираат и стратегија дури како да се намали цената на струјата

„Ние не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија. Ние правиме план како да најдеме формула како да ја намалиме или барем евтината тарифа да ја зголемиме. За разлика од најголемиот дел од земјите во Европа кои што планираат да ја зголемат цената на електричната енергија“, изјави Премиерот Христијан Мицкоски.  

Добрата вест е штоакумулуациите се полни со над 70 проценти од капацитетот и имаат акумулиринано 500 гигават часови струја. Ова според надлежните се должи на правилното менаџирање со капацитетите…Дополнително што влева сигурност се и инвестициите во обновливите извори на енергија, а и со влегување во завршна фаза на ветерниот парк што го гради Алкалазар, струја ќе има доволно и граѓаните не треба да стравуваат од покачување на цената на струјата.

Реклама

„Ние во моментот како земја сме безбедни и комотни, но истовремено праивме план за следните десет години. За жал, предизвиците од минатото, наследени се големи, не очајуваме ги решаваме, потенцираше Премиерот

Претхондо од енрергетика посочија дека интензивно се гради втората фаза од ветерниот парк Богданци, кој следната година ќе достигне инсталиран капацитет од 50 мегавати. Започнуваат активностите и за изградба на фотонапонските електрани БИТОЛА 1 И ОСЛОМЕЈ 2, а во напредна фаза подготвките за БИТОЛА 2 и БИТОЛА 3. Паралелно, Македонија се подготвува и за крстоница на енергијата. Интензивно се реализира проектот за гасниот интерконектор со Грција, а се очекува и реализација на гасниот интерконектор со Србија.