Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

МФ: „Фич“  го потврди кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед, препознавајќи стабилен раст и доверливи економски политики

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потвди кредитниот рејтинг на Македонија на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потвди кредитниот рејтинг на Македонија на нивото „BB+“ со стабилен изглед. Оваа оценка, како што велат од Министерството за финансии (МФ), е потврда за стабилноста на економските политики и сигнал за доверба во макроекономските перспективи на земјата.

-Во својот извештај, „Фич“  нагласува дека кредибилните и доследни макроекономски политики, долгогодишната политика на фиксен девизен курс и подобрите показатели за управување во однос на земјите со слична оценка остануваат клучни фактори што ја поддржуваат стабилноста. Во првата половина од 2025 година, реалниот БДП порасна за 3,2 проценти, поддржан од силна приватна потрошувачка и зголемен извоз. Економските изгледи за следниот период се позитивни, посочуваат од МФ.

„Фич“, додаваат, очекува економијата да оствари раст од 3,2 проценти за целата 2025 година и просечно 3,4 проценти во периодот 2026–2027, што е над потенцијалниот долгогодишен раст од околу 3 проценти.

Реклама

-Растот дополнително ќе го поттикнат големите инфраструктурни проект кои ќе создадат нови можности за инвестиции и поврзување на економијата со европските пазари. Посветеноста кон процесот на евроинтеграции е дополнително препознаена како сидро за спроведување на структурни реформи и зајакнување на институциите, нагласуваат од МФ.

Иако се очекува умерено намалување на странските директни инвестиции по рекордните 7 проценти од БДП во 2024 година, како што посочуваат, тоа главно се должи на недостиг на работна сила и глобалната неизвесност во автомобилската индустрија.

-Според „Фич“ ограничувачки фактори за економскиот развој се негативните демографски трендови како и нискиот раст на продуктивноста, кои претставуваат структурни предизвици на среден рок. „Фич“ ја нотира одложената имплементација на Законот за буџети, заради инвестициските активности и очекува постепено намалување на буџетскиот дефицит и стабилизирање на јавниот долг на ниво значително под прагот од 60 проценти од БДП на среден рок, порачуваат од МФ.

Нагласуваат дека потврдата на кредитниот рејтинг на „BB+“ со стабилен изглед е значаен сигнал до меѓународните финансиски пазари и инвеститорите дека земјава успешно ја зачувува економската стабилност во услови на глобални предизвици.

-Оваа одлука е дополнителна потврда за кредибилноста на економските политики и претставува охрабрување за продолжување на реформите, за јакнење на фискалната дисциплина и за подобрување на конкурентноста на економијата, со крајна цел обезбедување повисок животен стандард за граѓаните и нови можности за развој, потенцираат од Министерството за финансии.