Реклама

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Македонија

МЕРМС: Скопје – место на средба на енергетската дипломатија и меѓународната соработка

Првиот Форум за енергетска дипломатија обедини амбасадори, претставници на дипломатски мисии, министри,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот Форум за енергетска дипломатија обедини амбасадори, претставници на дипломатски мисии, министри, високи владини претставници, претставници на меѓународни организации, челници на домашни и странски компании, финансиски институции и експерти од регионот и пошироко.

Меѓу учесниците беа претставници на Европската комисија, Обединетите нации, УНДП, УНЕЦЕ, Светската банка, ЕБОР, Меѓународната агенција за енергетика, ENTSO-E, дипломатскиот кор и водечките енергетски компании и институции.

Преку дискусиите за женското лидерство во енергетиката, енергетската безбедност, обновливите извори и зеленото финансирање, форумот отвори простор за размена на искуства, нови перспективи и поврзување на различни чинители.

Реклама

Посебно значење има Скопската декларација за жените во енергетската дипломатија, со која се испраќа порака за посилно женско лидерство, поголема вклученост во процесите на одлучување и зајакнување на соработката меѓу жените во енергетскиот сектор на национално, регионално и меѓународно ниво.

Организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во партнерство со Канцеларијата на ОН, УНДП и УНЕЦЕ, форумот покажа дека енергетските предизвици бараат заеднички пристап, доверба и посилна регионална и меѓународна соработка.

Вистинската вредност на ваквите средби е во поврзувањето на луѓето, институциите и идеите. Затоа што енергетската иднина не се гради изолирано, туку преку дијалог, партнерства и заедничка одговорност.