Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Градоначалникот на Струга, Рамис Мерко му честиташе на новоизбраниот американски Претседател Трамп

Сон не го фати струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој непосредно по инаугурацијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сон не го фати струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој непосредно по инаугурацијата побрза да му честита на старо-новиот американски претседател Доналд Трамп.

-Бог да ја благослови Америка и сите народи кои веруваат во мир и напредок! – ова е дел од честитката која осамна на неговиот фејсбук профил и на официјалната страна на Општина Струга. Првиот функционер од ДУИ, кој веќе две години е ставен на црната листа на САД поради корупција и мешање во судски процеси, покрај честитката пригодно, прикачил и фотографија од Трамп, со раширени раце-случајно или не, слична на неговата профилна фејсбук фотофрафија. 

„Ви посакуваме успешен мандат и лидерство кое ќе донесе напредок и единство за целиот американски народ. Се надеваме дека во овој период, поддршката на САД за Балканот ќе продолжи да биде силна и присутна, зајакнувајќи ја соработката и стабилноста во регионот. Големите лидери градат мостови на соработка, и се надеваме дека партнерството помеѓу САД и нашите земји ќе продолжи да биде пример за успех во иднината”

Реклама

Мерко беше ставен на Црната листа на САД, во време на претходната администрација предводена од  Џо Бајден.Од струшкиот огранок на ВМРО ДМПНЕ честитката до Трамп ја толкуваат како обид за ситно политичко профитерство.

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија нема намера да коментира обиди за ситно политичко профитерство. Соединетите американски држави, нашиот стратешки партнер, има јасни ставови и политики во врска со корупцијата и криминалот во Република Македонија. Жешкиот костен е во рацете на судството, кое час поскоро треба да се исправи од калта во која е одамна заглибено. Единствено на тој начин ќе се врати довербата на народот во судството и во државата како организиран систем.” Велaт од ВМРО-ДПМНЕ Струга

Инаку против Рамиз Мерко до овој момент се водат вкупно 9 судски постапки, при што во секоја од нив му е запретена и затворска казна.Се товари за незаконско поставување на директори во основни училишта, за набавка на луксузното возило ауди А6. Потоа за бесправно градење на објект во еден струшки хотел и последното најново за спорната спомен плачата на општинската зграда. Судењата за истите ќе се одржат во ист ден, односно на 24-ти овој месец.