Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мерко да се извини за величење на фашизмот, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Градоначалникот Рамиз Мерко јавно да им се извини на граѓаните на Струга…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот Рамиз Мерко јавно да им се извини на граѓаните на Струга и струшко за поставувањето наскандалозното обележје со кое се велича фашистичката окупација на Струга,а пет месеци беше поставено на влезот од општинската зграда–препорачуваКомисијата за спречување и заштита од дискриминација. За поставувањето спорна плоча на сегашната општина која претходно беше училишна зграда изградено во 1934 година,објект кој е заштитен како културно наследство од исклучително значење,на 15-ти мај лани, до комисијата за заштита од дискриминација поднеле претставка 39 граѓани на Струга.

„Поставената плоча, испишана на албански јазик, ја глорифицира фашистичката окупација на Струга во 1941 година, од страна на фашистичка Италија и Кралството Албанија. Овој чин предизвика незадоволство и вознемирување кај голем број жители од различни етнички и национални заедници, кои го сметаат за навреда кон споменот на паднатите борци против фашизмот. Oбјектот каде е поставена плочата има историско значење, бидејќи од него произлегле многу ученици, меѓу кои и борци на НОБ.Поставувањето на плочата е оценето како сквернавење на антифашистичкиот дух, кој е универзално прифатен и преминува преку етничките и националните граници“ КСЗД

Од комисијата препорачуваат Мерко во иднина да се воздржи од превземање на дискриминаторски дејствија.За поставувањето на скандалозното обележје Основното јавно обвинителство поднесе обвинение предмет.

Реклама

„Обвинетиот, како градоначалник на Струга, во март, поставил спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда, со кое поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во Законот за меморијални споменици и спомен-обележја.“ ОЈО Струга

Имајќи предвид дека обвинетиот е долгогодишен јавен функционер, против кого ОЈО Струга во краток временски период  поднесе повеќе обвиненија и веќе води осум судски постапки за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење, надлежниот јавен обвинител оцени дека постои реална опасност обвинетиот да се обиде да го избегне кривичниот прогон,стои во соопштението од ОЈО.Рамиз Мерко беше ставен на стоп листа, а одземени му се сите патни и други исправи за преминување на државната граница.Судскиот процес за скандалозната спомен плоча ќе почне на 24 јануари.

Росица Голабоска