Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мерџаноски: Кога здравјето на пациентот е загрозено, не постојат ниту работно време ниту викенд

Денеска, во сабота, заедно со тим од Клиниката за ТОАРИЛУЦ, директорот д-р…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска, во сабота, заедно со тим од Клиниката за ТОАРИЛУЦ, директорот д-р Мерџаноски замина во болницата „Борка Талески“ во Прилеп, за итно оперативно лекување на пациент со повреда на ’рбетот, кај кого започнале невролошки испади на долните екстремитети.

– Вчера доцна навечер директорот на болницата „Борка Талески“, д-р Кире Јоноски, нè информираше за влошувањето на состојбата. Веднаш ја започнавме потребната организација за пациентот навремено да ја добие неопходната специјализирана помош. Како директор на ТОАРИЛУЦ, трауматолог и спинален хирург, заедно со анестезиологот д-р Александар Димитроски и нашиот тим, ќе направиме сè што е во наша моќ за да го спасиме пациентот и да спречиме понатамошно невролошко оштетување, напиша Мерџаноски на својот Фејсбук профил.

Ова е вистинската смисла на дисперзираната здравствена услуга – стручниот тим да стигне до пациентот таму каде што е најпотребен, дури и во најитните случаи, без оглед на денот, времето или местото.

Реклама

Објавата може да го погледнете на следниот линк: