Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 kv интерконекција меѓу Македонија и Албанија

Мепсо, го раскина договорот со компанијата „Енерго-инвест” од сараево изведувач на изградбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мепсо, го раскина договорот со компанијата „Енерго-инвест” од сараево изведувач на изградбата на 400 киловолтниот далекувод од термоцентралата „Битола 2“ до македонско-албанската граница.

„До неодложно раскинување на договорот доведе неисполнувањето на обврските од страна на изведувачот и барањата на изведувачот за дополнителни плаќања поради значителното зголемување на трошоците за материјали и услуги. Тоа доведе до неможност за постигнување согласност меѓу двете страни“, информираат од МЕПСО.

Договорот со „Енергоинвест” беше склучен на 7-ми февруари 2020-та година со рок за завршување од 30 месеци кој истече на 30-ти мај 2023-та година.

Реклама

„Во овој период изведувачот неколку пати го напушташе градилиштето барајќи дополнително плаќање што беше одбиено од АД МЕПСО, заради типот на договорот клуч на рака“, истакнуваат од мепсо.

Од компанијата додаваат дека од започнувањето на проектот досега се реализирани 24 од планираните 269 фундаменти за столбови, а доставени се, 51,2 проценти од опремата.