Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Меморандум за соработка потпишаа македонското Министерство за култура и туризам и Француската амбасада

Професионално обучување, експертска поддршка во делот на културата и туризмот, дигитализација на архивските материјали и професионално усовршување на кадри –  за ова со потпишување на меморандум за соработка, се договорија министерството за култура и туризам и француската амбасада. „Веднаш тргнуваме во формирање на работни групи кои ќе започнат со имплементација на сите активности верувам дека […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Професионално обучување, експертска поддршка во делот на културата и туризмот, дигитализација на архивските материјали и професионално усовршување на кадри –  за ова со потпишување на меморандум за соработка, се договорија министерството за култура и туризам и француската амбасада.

„Веднаш тргнуваме во формирање на работни групи кои ќе започнат со имплементација на сите активности верувам дека ова партнерство ќе донесе конкретни и видливи резултати кои ќе бидат од корист на граѓаните на двете земји“, изјави Зоран Љутков, министер за култура и туризам

Во соработка со националниот аудиовизуелен институт на Франција ќе се асистира во архивирање и дигитализација на аудиовизуелните материјали на Македонија, додека посебен фокус ќе се стави на македонското историско наследство.

Реклама

„Тоа е посветеноста на Франција заедно со Македонија да работи на заштитата, конзервацијата, реставрацијата и вреднувањето на културното богатство“, изјави Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Франција

Веќе е започната соработка со универзитетот Парис 1 Пантеон Сорбон а во рамки на меморандумот се планираат и културни настани како француски театарски групи кои ќе прават изведби во повеќе градови низ државата а македонските уметници ќе имаат повеќе можности за престојување во Франција, посетување фестивали и културни настани.

Бојан Таневски