Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

Меморандум за соработка помеѓу Меѓународната организација за турска култура ТУРКСОЈ и Министерството за култура и туризам потпишан во Анкара

Меморандум за соработка помеѓу Меѓународната организација за турска култура ТУРКСОЈ и Министерството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меморандум за соработка помеѓу Меѓународната организација за турска култура ТУРКСОЈ и Министерството за култура и туризам на Македонија денеска свечено беше потпишан во Секретаријатот на ТУРКСОЈ во Анкара, во присуство на министерот за култура и туризам Зоран Љутков, генералниот секретар на ТУРКСОЈ, Султан Раев и амбасадорот на Република Северна Македонија во Анкара, Јован Манасијевски.

Со меморандумот се предвидува развој на заеднички проекти во областите на културата, уметноста, литературата, сценските уметности, музејските и библиотечните дејности, како и културното наследство, се планира организирање програми за размена на уметници и експерти, како и воспоставување механизми за размена на информации.

-Се предвидува и промоција на богатото културно и уметничко наследство на Македонија во земјите членки на ТУРКСОЈ, меѓу кои се Турција, Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Узбекистан и Туркменистан, како и зајакнување на соработката во областа на туризмот, соопшти ТУРКСОЈ.

Реклама

Генералниот секретар на ТУРКСОЈ, Султан Раев, се наведува во соопштението, во обраќањето  истакна дека потпишаниот меморандум не е само документ за институционална соработка туку и значаен чекор кон зајакнување на културното зближување меѓу народите, поддршка на зачувувањето на културното наследство и поттикнување на уметничкото творештво.

Раев нагласи дека Македонија со својата повеќејазична, мултирелигиска и мултикултурна структура претставува еден од најсилните примери на културата на заедничко живеење на Балканот.

-Соживотот на различните идентитети, заснован врз меѓусебна почит и разбирање, претставува драгоцено искуство кое заслужува внимание не само на регионално, туку и на глобално ниво, рече Раев.

Генералниот секретар Раев, исто така, истакна дека „турската заедница во Македонија со своето богато историско и културно наследство е нераскинлив дел од турскиот свет и претставува мост меѓу различните култури.“

Министерот Љутков, како што е наведено во соопштението од ТУРКСОЈ, во своето обраќање нагласи дека пријателските односи меѓу двете земји дополнително се зајакнуваат преку соработката во областа на културата.

-Тој изјави дека потпишаниот меморандум  ќе придонесе за подобро меѓусебно запознавање на народите, заштита на културното наследство и зголемување на интеракцијата меѓу уметниците, информира ТУРКСОЈ.