Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УЈП за зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Управата за јавни приходи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Управата за јавни приходи (УЈП) потпишаа Меморандум за соработка, кој има за цел да го унапреди процесот на инспекциски контроли и надзор врз концесионерите што вршат експлоатација на минерални суровини во Македонија.

Со овој документ, двете институции ја зацврстуваат заедничката цел – да обезбедат транспарентно, законско и ефикасно искористување на националните ресурси, со јасен фокус на заштита на јавниот интерес и зголемување на економската одржливост.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, потенцираше дека соработката со УЈП претставува чекор кон воспоставување подобар систем за мониторинг и контрола на работењето на концесионерите.

Реклама

„Нашата држава располага со значајни минерални богатства, но одговорното и законско управување со нив е од суштинско значење за економскиот раст и заштитата на природните ресурси. Со овој меморандум ја комбинираме експертизата на Министерството и капацитетите на УЈП за да ги зајакнеме инспекциските процеси и да осигуриме дека секој кој користи национални ресурси го прави тоа законски и соодветно.“ изјави министерката Божиновска.

Директорката на УЈП, м-р Елена Петрова, истакна дека оваа соработка ќе донесе ново ниво на синергија меѓу двете институции, преку размена на информации, знаења и практични алатки за инспекциска контрола.

„Со заедничка работа ќе обезбедиме поголема ефикасност во следењето на приходите и обврските на концесионерите, што ќе придонесе за зголемување на буџетските средства и праведна распределба на ресурсите.“ рече Петрова.

Во рамки на Меморандумот, предвидено е да се овозможи навремена и ефикасна меѓусебна размена на податоци, координација и известувања во постапките за следење на плаќањето на надоместоците за вршење на детални геолошки истражувања и за концесија за експлоатација на минерални суровини, што ќе ја унапреди брзината и точноста на контролите.

Министерството за енергетика и УЈП остануваат посветени на заедничката визија за транспарентна и праведна употреба на националните ресурси, со цел обезбедување економска стабилност и долгорочна корист за граѓаните на Македонија.