Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Меѓународниот фестивал Golden Piano Talents ќе се одржи на 18 и 19 септември во Штип

Меѓународниот фестивал Golden Piano Talents веќе петта година по ред ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓународниот фестивал Golden Piano Talents веќе петта година по ред ќе се одржи во Штип. Претседателка на Интернационално здружение за културен развој и едукација – „Арт Фест“ Марија Максимова  информира дека фестивалот ќе се одржи на 18 и 19 септември, целата програма ќе се одвива во уметничката галерија „Безистен“ во Штип, а настаните се бесплатни.

-За само неколку дена, Штип ќе пречека 70 извонредни млади пијанисти, истакнати професори и гости од целиот свет, кои ќе бидат дел од два незаборавни дена посветени на музиката, талентот, едукацијата и пријателството. Golden Piano Talents е уникатен меѓународен фестивал кој ги слави и наградува не само талентираните пијанисти, туку и посветените наставници кои стојат зад нивните успеси-вели Максимова. 

Таа посочува дека на фестивалот се слави  музиката и достигнувањата на младите пијанисти.

Реклама

– Ќе ги наградиме трудот, посветеноста и успехот, и заедно ќе споделиме два дена исполнети со пријателство, позитивна енергија, мотивација, инспирација и прекрасна атмосфера. Оваа година фестивалот става посебен акцент и на својот едукативен карактер, со две инспиративни предавања на проф. д-р Силвија Тесари -Италија и проф. д-р Милица Шкариќ-  Македонија, заедно со пијано-рецитали, концерти и нашиот свечен GRAND CEREMONY WINNERS’ CONCERT-рече Максимова. 

Таа додава дека  по завршувањето на фестивалските активности, во вечерните часови учесниците и гостите ќе имаат можност да уживаат и во прекрасната атмосфера на „ штипската „Пастрмалијада“, која оваа година се одржува во истите денови. 

-Така, покрај музиката и уметноста, нашите гости од различни земји ќе имаат можност да почувствуваат дел од традицијата, културата, гостопримството и духот на Штип-додава Максимова.

Генерален спонзор на меѓународниот фестивал е општина Штип.