Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Меџити на увид на инфраструктурни активности во Чаир: Секоја улица е важна, секое маало заслужува инвестиции

– Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска беше на терен, каде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска беше на терен, каде одблиску ги проследи инфраструктурните работи што се реализираат во неколку делови од општината. На улицата „Емин Дураку“ продолжува реконструкцијата, додека активности се реализираат и на улиците „Дервиш Хима“ и „Парашќеви Ќиријази“.

На овие улици се врши асфалтирање, уредување на тротоарите со бекатон-плочки, како и уредување на влезовите на станбените објекти. Паралелно, во истите населби се инвестира и во простори за децата, преку уредување и поставување нови детски игралишта.

„Секоја улица во Чаир е важна и секое маало заслужува подобри услови. Затоа инвестираме насекаде. Добро уредено маало не значи само уредени улици, туку и тротоари, простори за децата и подобри услови за секојдневниот живот. Чаир денес е едно големо градилиште и бараме разбирање од граѓаните, бидејќи се работи и се инвестира за нашата општина, за нашите маала и за иднината“, изјави Меџити.

Реклама

Инфраструктурните активности ќе продолжат во различни делови на Чаир, со инвестиции насочени кон подобрување на инфраструктурата и условите за живот во секое маало, најавуваат од општина Чаир.